Пелистер е убедливо поразен од Лех во Познањ во првиот меч од првото квалификациско коло за Лига Европа. Фаворизираниот полски состав го совлада македонскиот Куп освојувач со 4:0 и уште од сега може да размислува за наредниот двомеч со Хаугесунд од причина што норвешкиот прволигаш беше уште поубедлив пред своите гледачи против претставник на Северна Ирска, Колерејн (7:0).

Ники Нилсен во 28 минута од пенал обезбеди водство за Лех чии фудбалери се радуваа уште двапати до паузата. Две минути по најстрогата казна погоди и Шитум, а Мајевски во 38 минута зголеми на 3:0. Со својот втор гол, вкупно четврти во натпреварот, Шитум стави точка на двомечот иако претстојат уште 90 минути. Реваншот меѓу Пелистер и Лех Познањ е на 6 јули на стадионот „Младост“ во Струмица.

Лига Европа, 1 квалификациско коло, прв меч

Лех Познањ – Пелистер 4:0 (3:0)

Стадион: „Миејски“ во Познањ. Гледачи: 5.000. Гл. судија: Луис Мигел Бранко Годињо. Асистенти: Антонио Годињо и Хозе Брага (сите тројца од Португалија). Стрелци: Н. Нилсен 28′ (п), Шитум 30′, 57′, Мајевски 38′ за Лех Познањ.

Лех Познањ (формација: 4-3-3): Путноцки – Костевич, Л. Нилсен, Дилавер, Гумни – Мајевски, Тетех, Јевтиќ (Гајос 75′) – Шитум, Макужевски (Беркрот 71′), Н. Нилсен (Робак 69′). Тренер: Ненад Бјелица.

Пелистер (формација: 5-4-1): Петровски – Б. Љамчевски, Бојовиќ (Петров 46′), Тодоровски, Ковачев, Тошевски – Лукас, Илиев (Цветаноски 76′), Маркоски (Силва 62′), Пеев – Илијоски. Тренер: Наџи Шенсои.

Комплетни резултати од првите мечеви во првото квалификациско коло за Лига Европа

Стјарнан (Исланд) – Шамрок (Република Ирска) 0:1

Рејкјавик (Исланд) – СЈК (Финска) 0:0

Железничар (БиХ) – Зета (Црна Гора) 1:0

Видеотон (Унгарија) – Балзан (Малта) 2:0

Валета (Малта) – Фолгоре (Сан Марино) 2:0

Сент Џонстон (Шкотска) – Тракаи (Литванија) 1:2

Сент Џозеф (Гибралтар) – АЕЛ Лимасол (Кипар) 0:4

Глазгов Ренџерс (Шкотска) – Нидеркорн (Луксембург) 1:0

Лех Познањ (Полска) – Пелистер (Македонија) 4:0

Крусејдерс (Северна Ирска) – Лиепаја (Летонија) 3:1

Тре Пене (Сан Марино) – Работнички (Македонија) 0:1

Широки Брег (БиХ) – Ордабаси (Казахстан) 2:0

Младост Подгорица (Црна Гора) – Гандзасар (Ерменија) 1:0

Младост Лучани (Србија) – Интер Баку (Азербејџан) 0:3

Домжале (Словенија) – Флора (Естонија) 2:0

Црвена звезда (Србија) – Флоријана (Малта) 3:0

Војводина (Србија) – Ружемберок (Словачка) 2:1

Скендербег (Албанија) – Санта Јулија (Андора) 1:0

Норчепинг (Шведска) – Приштина (Косово) 5:0

Митјиланд (Данска) – Дери сити (Република Ирска) 6:1

Макаби Тел Авив (Израел) – Тирана (Албанија) 2:0

Клаксвик (Фарски Острови) – АИК Стокхолм (Шведска) 0:0

Конах (Велс) – Хелсинки (Финска) 1:0

Бала Таун (Велс) – Вадуц (Лихтенштајн) 1:2

Фола (Луксембург) – Милсами (Молдавија) 2:1

Зира (Азербејџан) – Диферданж (Луксембург) 2:0

Зарија Балти (Молдавија) – Сараево (БиХ) 2:1

Санта Колома (Андора) – Осиек (Хрватска) 0:2

Од Гренланд (Норвешка) – Балимена (Северна Ирска) 3:0

Левски (Бугарија) – Сутјеска (Црна Гора) 3:1

Хаугесунд (Норвешка) – Колерејн (Северна Ирска) 7:0

АЕК Ларнака (Кипар) – Линколн (Гибралтар) 5:0

Ференцварош (Унгарија) – Јелгава (Летонија) 2:0

Беитар Ерусалим (Израел) – Вашаш (Унгарија) 4:3

Лингби (Данска) – Бангор сити (Велс) 1:0

Каљу (Естонија) – Б36 Торшавн (Фарски Острови) 2:1

ВПС (Финска) – Олимпија Љубљана (Словенија) 1:0

Шахтјор Солигорск (Белорусија) – Судува (Литванија) 0:0

Шкендија (Македонија) – Дачија (Молдавија) 3:0

Динамо Батуми (Грузија) – Јагиелонија (Полска) 0:1

Чикура (Грузија) – Алтах (Австрија) 0:1

Левадија (Естонија) – Корк сити (Република Ирска) 0:2

Динамо Минск (Белорусија) – Рунавик (Фарски Острови) 2:1

Тренчин (Словачка) – Торпедо Кутаиси (Грузија) 5:1

Вентспилс (Летонија) – Валур (Исланд) 0:0

Пјуник (Ерменија) – Слован Братислава (Словачка) 1:4

Партизани (Албанија) – Ботев Пловдив (Бугарија) 1:3

Каират Алмати (Казахстан) – Атлантис (Литванија) 6:0

Иртиш Павлодар (Казахстан) – Дунав Русе (Бугарија) 1:0

Ширак (Ерменија) – Горица (Словенија) 0:2