Лех и Пелистер го одиграа третиот најпосетен натпревар во првото елиминациско коло за Лига Европа. Дуелот на „Миејски“ во Познањ во четвртокот го следеа околу 19.000 гледачи кои на крајот задоволни го напуштија стадионот. Полскиот претставник го совлада освојувачот на Купот на Македонија со убедливи 4:0 и само формалност е реваншот на 6 јули во Струмица.

Најголема посета во 49. меча беше забележана во Глазгов каде „ренџерси“ го дочекаа Нидеркорн од Луксембург. Минималниот триумф (1:0) на шкотскиот премиерлигаш на „Иброкс парк“ го поздравија 48,681 гледач.

Меѓу трите меча што предизвикаа најголемо внимание во домашната јавност беше и пресметката на „Рајко Митиќ“ во Белград (поранешна „Маракана“) каде Црвена звезда пред 19,823 гледачи ја порази Флоријана од Малта со 3:0.