Browsing: Лига на нации

Со одигрување на трите последни бараж натпревари од синоќа познати се сите учесници на Европското фудбалско првенство 2024. Дваесет репрезентации…

Периодот во кој се игра мечот е само две седмици пред парламентарните избори, што значи партиите ќе бидат во екот на кампањата, која отсега е валкана и непристојна а ескалација на говорот на омразата од трибините може дополнително да ги вжешти страстите на политичкиот терен

На состанокот на Извршниот одбор во Љубљана е одлучено да останат четирите дивизии во натпреварувањето што беше воведено во 2018 година со таа разлика што бројот на учесници во А дивизијата се зголемува од 12 на 16 репрезентации, а освен „коцкестите“ и „панцирите“ во елитата остануваат и Полска и Исланд

Американските во финалето во Нанџинг, Кина, славеа над Бразил со 3:2 (по сетови: 20:25, 22:25, 25:15, 25:21, 15;:13). Бронзениот медал го освоија одбојкарките на Турција по триумфот над Кина со 3:1 (по сетови: 25:23, 25:15, 20:25, 25.21)

Селекцијата на најмладата членка на УЕФА вечерва во Приштина го совлада Азербејџан со 4:0 во завршното коло во групата 3 и се најави како гостин на „црвено-жолтите“ во наредната фаза. Во второто полуфинале ќе играат Грузија – Белорусија

Предводникот на националниот тим не криеше задоволство од успешно исполнетата мисија и осигурената предност на домашен терен во полуфиналето против Белорусија или победникот од средбата меѓу Косово и Азербејџан во Приштина (вторник, 20.45 ч.)

„Црвено-жолтите“ вечерва на арената „Филип Втори“ го поразија Гибралтар со 4:0 (1:0) за прво место во групата 4 во Д лигата, пласман во полуфинале за пласман на Европското првенство во 2020 година и напредување во Ц дивизија за сезоната 2020/21