Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија – Косово и дефинитивно без публика на „Тоше Проески“ арена

0
By Нова ТВ on March 10, 2020 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 10, 2020 15:28

Фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и на Косово на 26 март во Скопје и дефинитивно ќе биде без присуство на публика. Влезовите на националната арена „Тоше Проески“ ќе бидат затворени по дополнителниот сет мерки што се донесени на денешната владина седница, а по препорака на Министерството за здравство и Комисијата за зарасни болести. Оваа одлука е дел забраната на Владата која се однесува на организирање на големи собири на отворено или затворено за период од 30 дена.

Причината е добро позната – заштита на јавно здравје од опасноста за ширење на коронавирусот во земјава во која досега се регистрирани седум заболени лица, а кај дел од нив, како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, и прв случај на домашна трансмисија на болеста.

Мечот меѓу Македонија и Косово, во рамки на плејофот во Лигата на нации кој воедно е квалифиакциски за пласман на Европското првенство ова лето, предизвика голем интерес во јавноста, билетите беа експресно распродадени, но домашната јавност ќе мора да се помири со новонастанатата ситуација и со „црвено-жолтите“ да пулсира преку ТВ екраните.

Победникот на арената „Тоше Проески“ на 26 март, пет дена подоцна ќе игра на гости со подобриот од натпреварот меѓу Белорусија и Грузија во финалните 90 минути за добивање на учесникот на ЕП 2020 од Д дивизијата во Лигата на нации.

Коронавирус Косово Лига на нации Македонија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.