Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Лига на шампиони
Каталонците одиграа 1:1 против Челзи за прекинување на повеќегодишниот пост на гостувањата кај „сините“, а Баварците го декласираа турскиот ривал со 5:0 за формален реванш во Истанбул
„Граѓаните“ го совладаа швајцарскиот состав на неговиот „Сент Јакоб Парк“ со убедливи 4:0 за формален реванш на „Етихад“, „старата дама“, пак, имаше 2:0, но „спарси“ успеаја да возвратат со идентична мерка и непоразени да го напуштат Торино
Влезниците во слободна продажба пламна за 40 минути. „Кралевите“ и „светците“ без сомнение ќе бидат актери на двомеч што е од исклучително значење за едните и другите. Лигата на шампиони е единствен начин за спас на сезоната на мадриѓани, за „светците“, пак, оправдување за потрошените 400 милиони евра за Нејмар и Мбапе
Спортинг го совлада тимот од Автокоманда со 31:27 во меч што, освен престиж, немаше значење за конечниот изглед на табелата во Д конкуренцијата
Шестата епизода од македонско-шведска ракометна пресметка заврши како и претходните пет. „Црвено-црните“ го задржаа максималниот ефект со ривалот од континенталниот север по денешните 31:15 во СЦ „Јане Сандански“. Следува пауза во елитното клупско натпреварување на ЕХФ до почетокот на февруари, во меѓувреме, од 12 до 28 јануари ќе се одржи Европското ракометно првенство за мажи во Хрватска на кое ќе учествува и Македонија
Украинскиот состав со триумфот со 30:22 ја оправда фаворитската улога во ВИП арената „Борис Трајковски“ оставајќи го македонскиот вицепрвак без трошка надеж за победничко збогување со своите навивачи на европската сцена
Со голот на Михаел Ланг во 90 минута, швајцарскиот состав, на својот „Сент Јакоб Парк“, го шокира Манчестер јунајтед, потсети на сезоната 2011/12 во која, исто така, славеше над „црвените ѓаволи“ со 2:1 и остана на второто место во групата А кое води во нокаут фазата. „Светците“ го декласираа шкотскиот состав со 7:1, а Атлетико во Мадрид триумфира над Рома со 2:0. Јувентус и Барселона во дербито на вечерта во Торино одиграа без голови
Ливерпул имаше убедливи 3:0 против Севилја по пола час игра, но на крајот мораше да се помири со реми и пропуштање на првата меч топка на „црвените“ за пласман меѓу најдобрите 16 во Лигата на шампиони на УЕФА
Со триумф вечерва, европскиот првак и премиерлигашот ќе обезбедат нокаут фаза во елитното натпреварување на коло до крајот на групната фаза. На претставниците на Турција и на Украина им е потребен и бод за осминафинале
Вардаровата ракометна машинерија го сомле и Рајн Некар Левен со 30:26 во осмото коло во Лигата на шампиони и се бетонира на лидерската позиција во групата А со 15 бода, четири повеќе од бундеслигашот со кого ќе се соочи и наредниот викенд во Манхајм
Бешикташ го совлада македонскиот вицепрвак со 32:29 и, речиси, го исфрли од игра за пласман во наредната фаза во елитното натпреварување на ЕХФ
„Црвено-црните“ ракометарки славеа над германскиот вицепрвак со 29:21 (полувреме 12:12) во последното коло од прелиминарната фаза во Лигата на шампиони и на зимски клупски распуст заминуваат со максимален ефект во групата Ц од која ќе пренесат осум бода во главниот сегмент