Browsing: Ливерпул

„Црвените“ без Салах и Фирмино ги понижија Каталонците со 4:0 и втора година по ред ќе играат за титулата. По два гола на Вајналдум и на Ориги за огромно славје во градот на Битлси. Против кого ќе играат на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид на 1 јуни ќе дознаат утревечер (21 ч.) по реваншот меѓу Ајакс и Тотенхем. Мечот се игра во Амстердам, холандскиот тим има минимнални 1:0 од првата средба во Лондон

Каталонците славеа со 3:0 во првиот полуфинален меч во ЛШ што долго ќе остане во меморијата на Аргентинецот. На овој ист ден пред 14 години го постигна првиот гол за Барса, денеска му пресуди на Ливерпул со два со кои стигна до бројката од јубилејни 600 во кариерата. Притоа по јубилеен 100 пат ја носеше капитенската лента

„Црвените“ на стадионот „Енфилд“ го поразија португалскиот состав со 2:0 со головите на Кеита во петтата минута и на Фирмињо во 26., „спарси“, пак, со 1:0 ги совладаа „граѓаните“ на Пеп Гвардиола. Единствениот гол на „Вајт Харт Лејн“ беше дело на Сон во 78. минута, Агеро промаши пенал во 13. минута за гостите од „Етихад“

Тоби Алдервејрелд ја смести топката во сопствената мрежа на што кумуваше и Уго Лори со лошата интервенција во финишот на средбата за триумф на „црвените“ на „Енфилд роуд“ со 2:1 кои сега имаат два бода повеќе од Манчестер сити, но и меч повеќе

„Црвените“ славеа на „Алијанц арена“ со 3:1, Каталонците на „Камп Ноу“ го растурија Олимпик Лион со 5:1. Во четврт-финалето во ЛШ, покрај Ливерпул и Барселона, ќе играат и Јувентус, Манчестер сити, Тотенхем, Ајакс, Манчестер јунајтед, Порто. Ждрепката е во петок во Нион

Ливерпул имаше повеќе прилики пред голот на Мануел Ноер, особено во првото полувреме, меѓутоа, се чини, напаѓачите на Јирген Клоп затаија во концентрацијата, но веруваат во пласман во четврт-финале во Лигата на шампиони иако во реваншот во Минхен ќе патуваат со 0:0

Ливерпул ги совлада „црвените ѓаволи“ со 3:1 во дербито на 17. коло во Премиерлигата или ако сакате „дербито на Англија“ и го задржа врвот на табелата. Херој на „Енфилд“ беше Џердан Шаќири кој влезе во игра во 70. минута и до 80. минута постигна два гола за осигурување на трите бода на неговата екипа

„Црвените“ на „Енфилд“ ги совладаа наполитанците со 1:0 во директниот дуел за второ место во групата Ц, двата меча во Б конкуренцијата завршија без победник (1:1) – „спарси“ ремизираа кај Барселона 1:1, „нероаѕурите“ на домашен терен со ПСВ Ајндховен, расплети што одеа во прилог на премиерлигашот од Лондон

„Црвено-белите“ приредија сензација совладувајќи го премиерлигашот со 2:0 во групата Ц и се вратија во игра за меѓународна пролет преку Лига Европа во најмала рака, но сега се конкурентни и за опстанок во елитното клупско натпреварување на УЕФА. Стрелец на двата гола беше Милан Павков во 22. минута и во 29. минута. Бриж, пак, славеше на „Луј Втори“ со 4:0