Browsing: Македонија

Во најновиот извештај се наведува дека „Владата брзо одговорила со целни мерки и со привремена фискална поддршка за амортизирање на социјалниот и економски удар од кризата и за заштита на ликвидноста на компаниите, за зачувување на работните места и помош на невработените и најранливи категории граѓани“

Смртниот случај е регистриран во ГОБ „8 септември“ кај 70 годишен пациент од струшко Лабуништа кој бил хоспитализиран на 8 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина. Седумте нови случаи со коронавирус во земјава се регистрирани кај три лица во Тетово и по две од Куманово и од Кочани

СЗО денеска пак предупреди да не се брза со либерализација на рестриктивните мерки: додека не биде пронајдена вакцина, прилагодувањето кон епидемијата ќе стане „новата нормалност“

Земјава напредуваше за три позиции во изминатите 12 месеци на светската листа што ја изготвува невладината организација со седиште во Париз. Од 95. место, земјава се искачи на 92. место со средна оценка од 31,28 поени

Тутунопроизводителите од денеска од 16 до 23 часот ќе може да подигнат субвенции од банкомат, а од утре и готовина на банкарските шалтери што ќе се врши по азбучен ред, под контролиран режим и списоци од МВР, сооопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Починати се двајца пациенти кои беа позитивни на коронавирус – на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина лице од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Штип на возраст од 83 години. И двајцата беа со претходни коморбидитети, се вели во соопштението од МЗ

Забраната и посебниот режим на движење на територијата на државата ќе трае до вторник (21 април) во 5 часот наутро. Сите превентивни мерки што досега се преземени, според министерот за здравство Венко Филипче, ги даваат резултатите и затоа имаме линеарен пораст на пацинети кои може да бидат примени во болниците и соодветно да се третираат