Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државата среде 85 часовен карантин, ефектите од него на почетокот на мај

0
By Нова ТВ on April 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 19, 2020 10:40

Државата се наоѓа на средина од 85 часовниот карантин и додека властите очекуваат ефекти од ваквите рестриктивни мерки против ширењето на корона вирусот на почетокот на мај, бројот на заразени во изминатото деноноќие се зголеми за 53, достигнувајќи 1.170 заболени.

Забраната и посебниот режим на движење на територијата на државата ќе трае до вторник (21 април) во 5 часот наутро, а Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи (МВР) да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на Велигденските празници.

Сите превентивни мерки што досега се преземени, според министерот за здравство Венко Филипче, ги даваат резултатите и затоа имаме линеарен пораст на пацинети кои може да бидат примени во болниците и соодветно да се третираат.

„Сметам дека и во периодот што следува ќе дадат дополнителни резултати во смисла на тоа трансмисијата на болеста значително да се намали и некаде на почетокот на мај, ние да имаме период во кој бројот на новодијагностицирани пациенти ќе се намалува и ќе бидеме во ситуација да ги попуштаме рестриктивните мерки“, изјави Филипче.

Во изминатите 24 часа се излекувани 25 пациенти со што нивната вкупна бројка е 164. Според податоците од Институтот за Јавно Здравје (ИЈЗ) од пријавените случаи за кои се добиени податоци, 20,7 проценти се или биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле или се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Најчести симптоми кај заболените се: температура (64,3 отсто), кашлица (54,1 отсто), малаксаност (32,3 отсто), треска (18,5 отсто), главоболка (17,5 отсто), болка во грло (15,7 отсто) и отежнато дишење (14,1 отсто). Кај 33,8 проценти од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Болничките капацитети, како што информираше министерот Филипле, не се преполнети, и искористени се половина од иницијалниот капацитет на Инфективната клиника, околу 20 проценти од болницата „8 Септември“ и сосема мал процент на исполнетост на инфективните одделенија на другите болници.

На Инфективната клиника во Скопје, вкупно се хоспитализирани 52 лица, од кои 16 добиваат кислородна поддршка, а пет се приклучени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ се лекуваат 41 пациент. На респираторна машина се приклучени осум пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 12 пациенти потврдени и суспектни на вирусот, од нив три се на кислородна поддршка. Во штипската болница хоспитализирани се вкупно девет лица, сите во стабилна состојба.

Сите држави, како што објасни Филипче, се соочуваат со нешто непознато досега и сите мерки, препораки и насоки ги црпиме од знаењето и стручноста на епидемиолозите и членовите на Комисијата за заразни болести. Тој, изрази очекување дека на крајот на мај ќе ги видиме ефектите од сите овие страшни и рестриктивни мерки досега.

Премиерот Оливер Спасовски, пак, информира дека се прави сериозен план за тоа како и на кој начин по 1 мај да се почне со олеснување на дел од мерките, а кои ќе бидат во функција на враќање на животот во нормала.

„Ни беше важно да создадеме услови за работење на здравствените работници. Сметавме дека мерките за физичко дистанцирање даваат резултати, затоа и имаше одлуки за неработење на училиштата, градинките, многу компании не работеа, вклучително и оние во угостителството, туризмот. Тоа беше неопходно. Сите ќе поднесеме дел од товарот од оваа криза. Ова не е време за каков било профит, сите треба да бидеме насочени кон успешно справување со оваа состојба“, порача премиерот Спасовски.

Карантин Коронавирус Македонија мерки пациенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.