Browsing: Македонија

Многу млади луѓе ја напуштаат Северна Македонија, пред сe, во насока на Германија и на Австрија. Се надеваат на работа и на подобри плати, забележува репортерот на радиото „Дојчландфунк“ пред германската амбасада во Скопје. Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, вели дека германскиот пазар на работна сила е привлечен за македонските работници, но многумина од нив не размислуваат за високите трошоци за живот во Германија

Последните истраги на словенечките власти доаѓаат по анализата која беше вчера објавена на порталот „necenzurirano.si“. Според порталот, најмалку четири милиони евра преку компании блиски до Орбан се дале за финансирање на медиумско-политичко-разузнавачка операција во Словенија и во Северна Македонија

Северна Македонија се покажа како демократска држава, ги исполни бараните реформи и направи голем напредок во областа на меѓуетничките односи. Државата чекори кон евроатланскиот пат и направи повеќе од очекуваното од која било кандидатка, истакна претседателот на Националното Собрание на Република Словенија, Дејан Жидан во обраќањето пред пратениците во македонскиот Парламент

Во „Тема на неделата“ на Радио Слободна Европа овојпат за тоа дали може да има подобрување на снабдувањето со лекови во земјава со оглед на тоа што некои од лековите се или прескапи или пак, ги нема. „Ние сме мало државиче, не треба да се штеди толку на здравството“, порачува една скопјанка

Новата методологија обезбедува реверзибилност на процесот, како што бараше Франција, што значи дека преговорите со некоја земја-кандидат можат да стопирани или вратени од почеток доколку не покажува напредок или има назадување. Документот што денеска го објави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји содржи четири столбови: кредибилитет, политичко управување, динамичност и предвидливост односно условеност

Според помалите фирми, излегувањето на В. Британија од ЕУ може негативно да се одрази врз бизнисот и странските директни инвестиции. Големите компании се воздржани. Рано е, велат, за какви било оценки со оглед дека Обединетото Кралство останува дел од заедничкиот европски пазар и од Царинската унија до крај на годината

„Made in Europe” етикетата на облеката сугерира фер работни услови. Но во Северна Македонија текстилните работници заработуваат милостина. Некои фирми поради тоа ги губат договорите со странските компании