Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жидан: Северна Македонија направи повеќе од било која земја кандидат за ЕУ

0
By Нова ТВ on February 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 11, 2020 14:13

Северна Македонија се покажа како демократска држава, ги исполни бараните реформи и направи голем напредок во областа на меѓуетничките односи. Државата чекори кон евроатланскиот пат и направи повеќе од очекуваното од која било кандидатка, истакна претседателот на Националното Собрание на Република Словенија, Дејан Жидан во обраќањето пред пратениците во македонскиот Парламент.

„Искрено посакував да можеме заедно да славиме уште еден важен чекор, а тоа е почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија. Со вашиот државен врв и граѓаните на вашата земја лично ги делев чувствата од разочарувањето од октомвриското гласање на Европскиот совет. Историска грешка, како што ја нарече претседателот на ЕК, иако беше краткотрајна, сепак, значеше одземена надеж за напредок на Северна Македонија“, истакна Жидан.

Спикерот на словенечкото Собрание нагласи дека од лидерите на членките на ЕУ очекува да ги исполнат своите претходни ветувања и се надева на конструктивна расправа за методологијата за проширување врз основа на предлогот на ЕК што беше објавен пред неколку дена. Најави дека Западниот Балкан и неговата европска перспектива ќе биде клучен приоритет за време на словенечкото претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2021 година. Гостинот од Словенија потсети дека неговата држава беше прва по Грција што го ратификува Протоколот што, како што нагласи, е доказ за поддршката и најдобрите желби за иднина на Северна Македонија.

„Станувате дел од силното сојузништво на држави со кои и досега сте ги делеле товарите на колективната безбедност во операциите и мисиите како во вашето непосредно соседство така и пошироко. Станувате дел од заедницата со која ги делите заедничките вредности, заложбите за чување на мирот, безбедноста и слободата на народите. А притоа добивате и можност и одговорност за соодлучување при разрешувањето на најважните безбедносни прашања. Со тоа поставивте темели за стабилност на вашата држава и доброто на граѓаните“, порача Жидан.

Северна Македонија, рече тој, е една од приоритетните држави за Словенија во меѓународната развојна соработка и давањето техничка помош.

„Пред неколку часа, нашите држави потпишаа Меморандумот за меѓународна развојна соработка меѓу двете влади за период од 2020 година до 2021 година. Посебно ме радува што младите и нивното образование заземаат важно место во таа спогодба. Минатата академска година, 933 македонски студенти во Словенија се здобиле со знаење под исти услови како словенечките студенти. Одличните односи на сите подрачја ги дополнува стопанската соработка која цело време расте, а секако има потенцијал да ескалира и нагоре посебно во областа на инфраструктурата и енергетиката, истакна Жидан.

Дејан Жидан Македонија обраќање Словенија Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.