Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Герберих: Сите зборуваат за „бомби“, но кога ќе „пукнат“ не се толку силни

0
By Нова ТВ on February 28, 2020 ВЕСТИ
Фото: kapital.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 28, 2020 10:23

Се надевам дека изборната кампања ќе има содржини, а не само меѓусебни партиски обвинувања, порача германскиот амбасадор Томас Герберих во интервју за „Слободен печат“ и додава кампањата не би ја нарекол валкана, туку премалку ориентирана кон суштината.

„Секоја страна ја посочува другата како криминална, се зборува за „бомби“, но кога тие ќе експлодираат, не се толку силни за да мора да постои страв од нив. Би било важно за гласачите да знаат каква програма имаат партиите, во која насока сакаат да ја водат земјата во иднина, во интерес на граѓаните, на земјата. Кога тоа би се случило, мислам дека многу повеќе гласачи би излегле на изборите“, вели Герберих, кој додава дека подобро ќе беше изборите да беа регуларни, наместо предвремени, бидејќи тоа е одреден фактор на стабилност.

Во врска со Законот за Јавно обвинителство, Герберих вели дека начелно нови закони не носат повеќе правда, туку шансите за зголемена правда и борба против корупцијата зависат од разумното имплементирање на законите.

„Законот за Јавно обвинителство од некои земји членки на ЕУ беше поставен како предуслов за започнување пристапни преговори, во областа на реформите во правосудството и добро е што овој закон се изгласа, но самиот тој нема да користи ако не се имплементира разумно. Тоа за мене значи дека случаите што ги започна или со кои се занимаваше СЈО, ќе бидат продолжени од регуларното ЈО и ќе имаат разумен крај, разумен резултат и дека луѓето што погрешиле, конечно ќе бидат казнети. Тоа мора да биде јасен сигнал до граѓаните дека политичарите се сериозни во однос на ова“, нагласи Герберих.

Во врска со забелешките на опозицијата дека со новиот закон се обезбедува амнестија за политичарите од актуелната власт, Герберих вели дека ако вистински се имплементира овој закон, тогаш тоа не може да се случи.

„Обвинувањата меѓу двете партии поаѓаат од ситуација дека политиката се меша во правосудството. Токму тоа е поентата, тоа треба да се смени со Законот. Ќе зависи од тоа дали навистина ќе се етаблира независно правосудство, што е вистинскиот предуслов за прием во ЕУ. Кога има независно судство, сѐ функционира и не е потребно политичарите да се мешаат и да велат дека законот се користи од политичарите. Токму тоа не смее да се случи. Тоа е застарен начин на мислење и мора да исчезне. Тоа е предуслов за почнување на пристапни преговори“, додава германскиот амбасадор.

На прашањето дали Германија и натаму е на ставот Македонија и Албанија да не се разделат во одлуката за преговори со ЕУ, Герберих нагласува дека би било пожелно кога со двете земји би можело да се започнат пристапни преговори.

„Бидејќи од геостратешки аспект и за целиот регион, според мене, е подобро кога двете земји би можеле да пристапат. Колку повеќе земји ги исполнуваат предусловите за прием во ЕУ, толку подобро за целиот регион. Но, од друга страна, не треба една држава да заостане поради кусок на напредок во друга. Сега ќе зависи од тоа, Европскиот совет да најде прифатливо решение за двете држави. И јас сум оптимист дека ќе се најде вакво решение, дека може да се постигне“, додава тој.

Во врска со реакциите на земјите-членки околу новата методологија и колкави се шансите датумот да се добие во март, Геберих изјави дека нема конечна информација, но додаде дека разговорите во ЕУ одат во добра насока.

„Методологијата е прифатена од сите земји-членки и задоволна е и француската страна, така што можеме да се придвижиме натаму. Патот е слободен за можно брзо почнување преговори со земјата. Јас сум оптимист дека во март би можело да функционира тоа ако сите се согласни. Ние го поддржуваме тоа“, додаде Герберих.

ЕУ избори интервју Македонија партии Томас Герберих
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.