Browsing: Македонија

Учесниците ќе бидат поделени во две конкуренции – дивизија А или т.н. „stroke play“ формат со две рунди по 18 дупки и дивизија Б или т.н. „single stableford“ формат со, исто така, две рунди по 18 дупки. За нов македонски шампион ќе биде промовиран играчот со најдобар грос резултат. Осмото издание на Отвореното македонско првенство во голф ќе стартува со петочните тренинг сесии (претпладне и попладне) што се замислени како турнирски рунди

Истакнува и дека граѓаните, како и политичарите се под голем притисок поради брзото случување на настаните, но дека одговорноста на политичарите е поголема. Во врска со „Рекет“, повтори дека е невозможно главните актери во оваа, како што рече, драма, да тераат годишни одмори, независно дали се претпоставено обвинети или обвинители

Кадетската репрезентација на С. Македонија ја забележа првата победа на Светското ракометно првенство за играчи до 19 години во Скопје. Во меч од второто коло во групата Ц е совладана Нигерија со 37:34 (полувреме 18:16), но освен резултатот, до драстично поправање на впечатокот по неочекуваниот пораз од Аргентина на стартот не дојде. Нареден ривал на националниот тим на СП 2019 за играчи до 19 години е Бахреин (СЦ „Борис Трајковски“, петок, 20.30 ч.)

Порака со ваква содржина е истакна на стадионот „Тумба“ во Солун, па останува да видиме дали овој дел од кореографијата на домашните навивачи ќе влезе и во бележникот на делегатот што ќе значи и поведување на дисциплинска постапка и парична казна за грчкиот клуб

Земјава ќе биде под влијание на топла воздушна маса од четврток до средина на наредната недела за што Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) излезе со препораки за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и на отворено согласно Законот за заштита и спасување

Кодомаќини на ЕП 2020 се Австрија, Шведска и Норвешка, шампионатот ќе почне на 10 јануари и ќе трае до 26 јануари. Завршниот викенд на ЕП 2020 е планиран во „Теле2 арена“ во Стокхолм, што впрочем е фудбалски стадион со капацитет од 22.000 седишта

Поранешниот премиер му одговори на актуелниот за начинот на кој побегна од државата во Унгарија каде побара и доби азил од тамошните власти. Собранието на почетокот на неделата ја констатира неговата оставка на функцијата пратеник, а попладнево преку својот Фејсбук профил напиша дека никогаш не му паднало на памет да влегува во багажник за какви било цели

Во него се вели дека приливот на странски директни инвестиции во земјава е зголемен за 260 проценти, односно од 205 милиони долари во 2017 година, инвестициите годинава се зголемени за три пати и изнесуваат рекордни 737 милиони долари