Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тимоние: Вистинската работа е овде, товарот на реформи не треба да паѓа врз Брисел

0
By Нова ТВ on June 15, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 15, 2019 15:22

„Треба да бидеме јасни. Франција ја поддржува Северна Македонија, Франсоа Лафон е експерт кој помага на тој пат и работи во Кабинетот на вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, порача францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на отворањето на меѓународната конференција „Од партнерство до членство: Северна Македонија и француско-германската перспектива“ во организација на Европското движење и Фондацијата „Конрад Аденауер“

Тој ја нагласи неопходноста од вистинска, суштинска работа за да се подготви земјата за почеток на преговорите со Европската Унија, што ќе значи внатрешни чекори што треба да се спроведат. Истовремено истакна дека целокупниот товар за реформите не треба да паѓа врз Брисел туку со меѓународна, конкретно француска поддршка, вистинската работа да се заврши овде, со вистинска мобилизација на целото општество.

„Постои едногласна поддршка кај сите политички партии за отворање на преговорите за членство, и кај десницата и кај левицата. Истото барање и јас го добивам секојднево, а тоа е кога ќе ги отвориме преговорите. За нас поглавјата 23 и 24 се јадро на нашата иднина. Во однос на владеењето на правото, постои едногласно размислување во македонското општество и затоа ние овде не зборуваме за дебата, туку за конкретни барања“, посочи Тимоние.

Тој се осврна на француската идеја за Европа и зборуваше за француско-германскиот мотор кој, како што рече, ја влече Унијата напред.

Францускиот амбасадор најави дека утре во Преспа ќе присуствува на одбележувањето на првата годишнината од потпишувањето на Договорот кој, како што рече, носи огромна надеж и го поддржуваме.

Претседателката на Европското движење, Милева Ѓуровска рече дека сега е моментот да се зборува за европските интеграции. Најави дека на коференцијата ќе зборуваат за перспективите на нашата држава во однос на, како што рече, многу блиската перспектива што ја очекуваме.

„Единственото прашање што ние вчера и денес го дискутиравме ќе биде добивањето датум за членство во ЕУ. Но, искрено се надевам дека нема да останеме само на тоа прашање“, рече Ѓуровска.

амбасадор ЕУ Кристијан Тимоние Македонија преговори Франција членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.