Browsing: Македонија

Угледниот париски весник нагласува дека процесот за историскиот договор беше „долг и полн со пречки“ и најавува дека гласањето во грчкиот парламент се очекува до крајот на месецот, но истовремено и дека е неизвесно

Пикерот на Вардар и на македонската репрезентација изрази задоволство од триумфот над Јапонија за пробивање на психолошката бариера и за многу покомотно дочекување на наредниот предизвик наречен Бахреин. Мечот со вториот азиски претставник во групата е во недела од 14 часот

„Црвено-жолтите“ го положија првиот од двата азиски теста во групата Б во Минхен и славеа со 38:29 (полувреме 18:13). Кире Лазаров со осум гола беше најефикасен во понедничкиот состав, по седум додадоа Стоилов и Манасков. Стоилов, патем, беше прогласен за МВП на натпреварот. Утре е слободен ден за избраниците на Раул Гонзалез кои во недела (14 ч.) ги очекува меч со Бахреин

Увертирата на „црвено-жолтите“ во групата Б е од 15.30 часот во Минхен. Во шестата мундијалска авантура „црвено-жолтите“ влегуваат со шести селектор (Раул Гонзалез) по претходните искуства со Драган Нишевиќ (1999 година), Илија Темелковски (2009 година), Звонко Шундовски (2013 година), Ивица Обрван (2015 година) и Лино Червар (20176 година)

Машката одбојкарска репрезентација, конечно, успеа до историски подвиг и пласман на сениорски завршен турнир по убедливиот триумф над Унгарија во Скопје. На успехот му претходеа и победи на Шведска над Азербејџан и на Летонија над Израел. Ждрепката е закажана на 16 јануари (19 ч.) во „Атомиум“ во Брисел, шампионатот е закажан за септември во Франција, во Белгија, во Холандија и во Словенија

„Црвено-жолтите“ вечерва славеа над северниот сосед со 37:31 (полувреме 19:13). Најпрецизен македонски играч беше Дејан Манасков со 9 гола, лидер во српскиот состав беше екс вардарецот Марсениќ со три погодоци. Двете селекции утревечер ќе одиграат уште еден натпревар зад затворени врати

Со евентуален триумф утре попладне, а потоа и во среда на домашен терен со Унгарија за историски подвиг и учество на континенталниот собир од 12 до 29 септември во Франција, Холандија, Белгија и Словенија

Најголемиот број на контејнери биле запалени на булеварот „Партизански одреди“ во општината Карпош. На улицата „Јане Лукроски“ во општина Гази Баба е запален еден специјален контејнер-ѕвоно наменет за селекција на стакло

Според министерот за здравство, најголем проблем во однос на невакцинираноста кај нас се децата кои одат во градинка, затоа што кај децата кои ќе тргнат во прво, односно, второ одделение сериозно е висок опфатот со вакцинација

За пет отсто се зголемуваат придонесите при добивки од игри на среќа, капитални добивки и за кирија, придонесите за пензискиот систем ќе бидат повисоки за 0,4 отсто, за здравствениот за 1 отсто, а лимитот за плаќања во готово е позициониран на 1.000 евра