Browsing: Мастерс

Шпанецот во третото коло го елиминира сонародникот Фернандо Вердаско со 6:3, 7:5. Кузнецова убедлива против Французинката Гарсија, Пављученкова ја изненади Цибулкова на женскиот дел од турнирот

Федерико Делбонис, Гвидо Пелја, Хорасио Зебалос и Факундо Банис успешно ги минаа првите пречки на силниот Мастерс во САД и се придружија на сонародникот Дел Потро кој беше меѓу слободните во првото коло

Српскиот тенисер триумфира против Канаѓанецот со црногорско потекло, Милош Раониќ со 7:6 (8:6), 7:6 (7:5) за втора победа на завршниот турнир во сезоната и зацврстување на првото место во групата Б

Светскиот рекет број еден го совлада Хрватот со 6:3, 6:2 за старт во голем стил на завршниот Мастерс во Лондон. Претходно Нишикори беше подобар од Вавринка со 6:2, 6:3. Утре во „О2 арена“ играат Тим – Монфис и Ѓоковиќ – Раониќ

Британецот ќе има 405 бода повеќе од Ѓоковиќ на ранг листата што утре ќе ја објави АТП. Србинот, сепак, сè уште може да заврши како прв рекет во 2016 година ако го освои Лондон и притоа ги добие сите три меча во групата

Шокантната вест за фановите на тениски ас од Србија ја објави британскиот новинар Сајмон Бригс. Ја сподели на Твитер и како причина за таквата можност во најава ја наведе повредата на десната дланка што го мачеше и на Игрите во Рио

Британецот ќе има пет бода повеќе од Србинот на новото рангирање во понеделник. Во финалето во Париз се пласира без борба, откако Раониќ го предаде мечот поради повреда. За титулата во Париз ќе игра против Џон Изнер