Browsing: мнозинство

Падна договор, со задоволство обзнанија лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети по нивната денешна тет-а-тет средба во Клубот на пратеници. Во постоизборната коалиција ќе влезе и ДПА на Мендух Тачи, а една од одлуките се однесува и за укинување на т.н. Пржинска влада во иднина. Изборното ветување на ДУИ, сепак, е задоволено со премиер Албанец во последните 100 дена од мандатот на владата, наместо моделите по години (2+2, 3+1 и 1+3) како што се пишуваше во изминатиот период

Имавме ситуација во 2016 година. Мандатот му беше доверен на Никола Груесвки и не успеа за 20 дена да формира влада. Уставот е јасен дека рокот истекува и мандатот се враќа. Тогаш мандатот го добив јас и второрангираната коалиција со два пратеника помалку од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јас успеав да формирам влада. Разликата е во тоа што сега јас ќе успеам да формирам Влада“, истакна Заев од оретседателската вила Водно