Browsing: НАТО

Партијата што обезбеди два мандата во новиот собраниски состав, меѓу другото, е за укинување на Охридскиот рамковен договор, поништување на Договорите со Грција и со Бугарија, признавање на независноста на Палестина, на Каталонија и на Баскија и отповикување на признавањата на Косово, на Израел и на Јужна Кореја

Вo коментарот на атинскиот весник се оценува дека Грција би сакала да продолжи со поддршката на евроатлантскиот пат на земјата и на нејзините институционални реформи, при што се нуди себеси како важен трговски партнер, под услов Договорот со Преспа да биде поддржан и од новата Влада во Скопје, која би имала активен однос во решавање на големиот број долготрајни разлики

Носителот на листа во ИЕ1 од коалицијата „Можеме“ Никола Димитров вечерва во „Отворено студио“ го истакна значењето на она што вчера пристигна како вест од Брисел и е уште еден успешен чекор во реализирањето на стратешките цели.

Во малото населено место Нивици на грчката страна на Преспанското Езеро точно пред две години шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас ги ставија своите потписи на Преспанскиот договор.Со решавањето на спорот со Грција се одблокираа интегративните процеси на земјава во НАТО и Европската унија. Македонија согласно договореното се преименува во Република Северна Македонија, државјанството стана македонско/државјанин на Република Северна Македонија, а јазикот македонски

Надлетувањето над Скопје со група на воздухплови на АРМ, како што е најавено, ќе се одржи меѓу 12 и 13 часот. Групата ќе биде формирана од девет воздухоплови и планирано е да лета во формација 3-2-2-2