Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дел од изборната програма на „Левица“: Бришење на името ВМРО од ДПМНЕ, излез од НАТО

0
By Нова ТВ on July 22, 2020 ВЕСТИ
Фото: levica.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 22, 2020 12:58

Бришење на името ВМРО од опозициската ДПМНЕ и негова законска заштита и забрана за користење од било која политичка партија, фирма или невладина организација поради негова злоупотреба во дневно-политички цели. Ова е само дел од определбите на „Левица“ во нејзината програма за изборите што се одржаа на 15 јули, вклучена во сферата политички плурализам и изборен систем. Заложба на партијата која освои два пратенички мандата е организирање на Македонија како една изборна единица, забрана за предизборни коалиции, како и на монолитни и чисто етнички партии туку само на идеолошки профилирани.

Оние кои немале прилика да ја прочитаат програмата на Левица во предизборниот период или да присуствуваат на некоја од средбите со граѓани што ги имаше партијата во периодот на кампања и да ги слушнат определбите од нејзините членови, можеби и ќе се изненадат од содржинските делови на читанката, особено ако го заокружиле бројот 4 на гласачкото ливче.

Во изборната програма, во делот посветен на Политичкиот систем и администрацијата, Левица ветува

„поништување на т.н. Преспански договор и бришење на погрдниот назив „Северна“ од Уставот. Укинување на Охридскиот рамковен договор како извор на консоцијалниот (сегрегирачки) етничко-трибалистички карактер на политичкиот систем на Македонија и враќање на чисто мнозинскиот карактер, со практикување на демократијата како стандард за современите демократски заедници“

Преспанскиот договор Левица го третира и во делот за надворешната политика.

„Поништување на т.н. Преспански договор со Грција и на криминалните илегални уставни амандмани произлезени од истиот (поради непочитување на правото на самоопределување); Ревидирање на Договорот за добрососедство со Бугарија, поради историски ревизионизам и рехабилитација на фашизмот; Отповикување на признавањето на Косово, Израел и Јужна Кореја; Издигнување на билатералните односи со НР Кина на ниво на стратешко партнерство, со фокус на инфраструктурно поврзување; Признавање на независноста на Палестина, Каталонија и Баскија“, се вели во дел од програмата на „Левица“.

Во делот од програмата, посветен на Меѓународните односи и организации, Левица се залага за „Итно отчленување од НАТО- пактот, поради непочитување на уставната процедура за влез во воен „сојуз“ со други држави, како и непочитување на волјата на народот изразена на Референдумот од 2018 година“.

Левица се залага за „поддршка на зачленувањето на Македонија во Европската унија, со инсистирање во процесот на преговори Македонија да биде индивидуално вреднувана без ставање во пакет со други земји”.

Но, она што ја оддалечува оваа партија од можноста за евентуално коалицирање со партии од албанскиот блок, се уште неколку изборни заложби:

„Поништување на двојазичноста, како резултат на октроираната т.н. Тиранска платформа, и враќање на јазичните права на малцинствата во рамки на Уставот; укинување на „правичната застапеност“ и позитивната дискриминација по етничка основа и нејзина замена со позитивна дискриминација по социјална основа“

Дополнително, во делот од програмата посветен за Обвинителство, Левица ветува „процесуирање на незастарливите т.н. Хашки случаи од 2001 година („Мавровски работници“, „Водството на ОНА“ и др.), како најтешки кривични дела извршени против човечноста и меѓународното хуманитарно право, како и „кривичен прогон против сите учесници во илегалната и шверцерска промена на уставното име Република Македонија (премиер, министер за надворешни работи, пратеници, обвинители, судии, новинари, активисти и др.)“.

ВМРО-ДПМНЕ Избори 2020 Левица НАТО Определби програма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.