Browsing: Ник Кирјос

Со гестот на „Род Лејвер арена“, Австралиецот јасно стави до знаење колку се восхитувал на ликот и делата на кошаркарската ѕвезда на лејкерси, а во еден момент за време на петминутното загревање пред мечот не можеше да ги исконтролира емоциите и заплака

Рафаел Надал се пласира во третото коло на Австралија опен, Доминик Тим едвај го „преживеа“ Австралиецот со славно атлетско име, Болт, но белег на четвртиот натпреварувачки ден на гренслемот во Мелбурн остави Ник Кирјос. Темпераментниот домашен адут повторно „удри“ на најдобриот светски рекет во моментот, овојпат со имитација на ритуалот на Надал пред сервис – завлекување на коса зад уши, допирање нос и извлекување на гаќичките

Контроверзниот тенисер беше казнет со 113.000 долари за напад врз судија на Мастерсот во Синсинати, но тоа не делуваше отрезнувачки по него и продолжи со испади на тениските терени. Последниот го имаше на Ју-Ес опен чии организатори ги обвини дека се корумпирани

Темпераментниот Австралиец ја загуби контролата врз себе во поразот од сонародникот Џон Милман со 6:3, 1:6, 6:4, 6:1, елиминиран и хрватскиот „бомбардер“ од Американецот Бјорн Фратанџело, најдобриот тенисер на БиХ се проби во второто коло преку Уругваецот Пабло Куевас

Австралиецот во полуфиналето го елиминира Давид Ферер со 7:6, 7:6, резултат со кој и Бугаринот беше подобар од Џон Изнер. За женскиот трон на турнирот вечерва ќе разигруваат Симона Халеп и Гарбине Мугуруза

Спортот во 2016 година донесе големи резултатски достигнувања, се уриваа европски и светски рекорди, се поместува граници на човечките можности. Но, на површина излегоа и големи афери што фрлија голема дамка врз личности, нации, дисциплини