Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Новак Ѓоковиќ
Српскиот тенисер мораше да одигра пет сета против Аргентинецот за конечни 5:7, 6:3, 3:6, 6:1, 6:1. Негов ривал во осминафиналето ќе биде Шпанецот Алберт Рамос Винолас
Франко Ливи има 27 години, по потекло е Италијанец и важи за најбаран спаринг партнер во светскиот тенис. Интересот е особено голем кај тенисерите поради фактот дека е леворак играч кој во нивните подготовки на тренинзите го заменува Рафаел Надал. На Ролан Гарос за првпат работеше со Ѓоковиќ под водство на Агаси. Работел со многу колеги, но никогаш со Роџер Федерер
Србинот обезбеди пласман во третото коло по триумфот над Португалецот Жоао Соуса со 6:1, 6:4, 6:3, Надал со ист резултат го совлада Робин Хасе. Победи на Мугуруза и В. Вилијамс на женскиот дел од гренслемот, порази на Квитова, Цибулкова и Пуиг
Премиерната победа под водство на легендарниот американски тенисер Андре Агаси ја оствари против Шпанецот Марсел Гранолјерс (6:3, 6:4, 6:2). Во второто коло ќе игра со Жоао Соуса од Португалија. Надал рутински преку првата пречка во Париз
Најдобрата светска тенисерка во моментот, Анжелик Кербер ја извлече Макарова од Русија, Мугурза, пак, ќе почне со одбрана на титулата против Скијавоне. Вториот гренслем во сезоната го пропуштаат Федерер и С. Вилијамс, на сцената се враќа Петра Квитова. Отвореното тениско првенство на Франција ќе стартува во недела и ќе трае до 11 јуни
Во изминатите три години тој настапуваше во опрема на јапонски „Уникло“, а во производи на францускиот бренд за првпат ќе се појави на претстојниот Ролан Гарос во Париз каде ќе ја брани титулата
Поинаквите временски услови, според него, придонеле топчето да биде побрзо и повеќе да отскокнува. Но, српскиот тенисер призна дека бил лош, а младиот Герменцот заслужено го понел трофејот од Рим
Младиот Германец го порази вториот светски рекет со 6:4, 6:3 во финалето што траеше час и 22 минути
Легендарниот американски тренер, Андре Агасаи, и српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, договорија соработка која официјално ќе почне од Ролан Гарос. Ѓоковиќ…
Србинот загуби само еден гем во полуфиналето со Доминик Тим (6:1, 6:0) за петти меч за титула во Вечниот град. Неколку часа претходно го доврши и Хуан Мартин дел Потро во прекинатото четврт-финале како најава дека неговата форма оди во нагорна линија пред вториот гренслем во сезоната – Ролан Гарос што почнува на 28 мај
Српскиот тениски ас досега соработувал со осум имиња – Јелена Генчиќ (1993-1999 година), Никола Пилиќ (1999-2003), Дејан Петровиќ (2004-2005), Рикардо Пјати (2005-2006), Маријан Вајда (2006-2017), Марк Вудфорд, Тод Мартин (2009-2010) и Борис Бекер (2013-2016). Деветтиот предводник го најави по завршување на Ролан Гарос
Со радикалниот потег на српскиот тениски ас се опфатени тренерот Марјан Вајда, кондицискиот тренер Гебхард Грич и физиотерапевтот Милјан Амановиќ кој е воедно и негов кум. Новиот тренер сè уште е енигма, на претстојните турнири ќе патува со поддрша од семејството и менаџерот