Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоковиќ се раздели со стручниот штаб: Осетивме потреба за промена

0
By Нова ТВ on May 5, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 5, 2017 21:34

Новак Ѓоковиќ повлече радикален потег по лошите настапи во 2017 година. Српскиот тениски ас е во потрага по нов стручен штаб по изненадувачкиот прекин на соработката со членовите на досегашниот. Разделбата ги опфаќа Марјан Вајда (тренер), Гебхард Грич (кондициски тренер) и Милјан Амановиќ (физиотерапевт) кој е воедно и негов кум.

„Бескрајно сум благодарен на Марјан, на Џиџи и на Милјан за децениското пријателство и нивна професионалност, посветеност и пожртвуваност на моите цели. Без поддршката од нив и резултатите немаше да бидат такви. Постојано беа моја сила и ветар во грб. Одлуката не беше лесна, но заеднички почувствувавме дека ни е потребна промена. Тие се мое семејство и тоа никогаш нема да се промени“, изјави Ѓоковиќ.

Поранешниот најдобар светски рекет е непрепознатлив во текот на оваа година. Досега освои само 655 бода, ефект каков што не памети во последните 11 години. На промената на соработниците се гледа како „шок терапија“ што треба да продуцира постепено враќање на старите патеки.

„Имам впечаток како да почнувам од почеток. Ми се допаѓа тој предизвик. Борец сум и една од моите најголеми цели е враќање во победничка форма“, додаде Србинот чиј нов тренер сè уште е непознат.

Ѓоковиќ е во криза од крајот на 2016 година. Падот во формата почна во летниот период, доживеа фијаско на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро, во септември го препушти првото место на АТП ранг листата на Енди Мареј и до крај на сезоната не успеа да се врати. Сето тоа во меѓувреме доведе до прекин на соработката со Борис Бекер кој, пак, во неколку прилики изнесе забелешки за блискоста со Пепе Имаз.

„Треба време да ја најдам вистинската личност со која ќе може да се поврзам на професионално ниво. Не сакам да брзам со одлуките. На претстојните турнири ќе патувам со поддрѓка на семејството и на менаџерот“, порача Ѓоковиќ кој бледо влезе и во 2017 година што резултира со многу неодбранети бодови.

Новак Ѓоковиќ Разделба Стручен штаб тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.