Browsing: обвинителство

Од обвинителството посочуваат дека со оглед на тоа што во конкретниот случај постои реална опасност од бегство на обвинетата, како и можност таа да го повтори делото што и се става на товар, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор

Пред неколку месеци на едно ТВ интервју, тој конкретно беше прашан за предлог за државен обвинител. Зборуваше за човек со репутација, кредибилитет, кој што е репрезент на фелата, а тоа за него бил Владимир Панчевски. Дали лидерот на опозициската партија сè уште е на истиот предлог?

За организација на настаните од 27 април во 2017 година што резултираа со упад во законодавниот дом, ќе им се суди на поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, актуелниот пратеник и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, и на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски

Идентична поканата од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал е пратена и до првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13, кој беше претседател на организацијата, во чие име увид извршил неговиот адвокат Сашо Дуковски, до Миле Јовановски, таткото на Боки 13, а вчера тоа го направиле потпретседателка на „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ и Христина Блажевска, асистентка на Јовановски