Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Одбојка (м)
Македонската машка одбојкарска репрезентација попладнево (18 ч.) во Тампере ќе игра против Финска во премиерниот настап на 32-то Европско првенство.…
„Змајчеки“ во полуфиналето во арена „Стожице“ во Љубљана го поразија актуелниот светски шампион, Полска со 3:1 (по сетови: 25:23, 24:26, 25:22, 25:23) и за титулата во недела ќе играат со подобриот од мечот Франција – Србија што е закажан за вечерва во 20 часот
Конечни 3:1 за составот под команда на Никола Матијашевиќ кој за пласман во осминафинале ќе зависи од исходите на Турција во мечевите со Белорусија и со Финска
По поразите од Финска (1:3), од Турција (0:3) и од Русија (0:3), вечерва во арената „Стожице“ во Љубљана е совладана селекцијата на Белорусија со 3:1 (по сетови: 23:25, 25:19, 29:27, 25:20) за прва победа во групата Ц. Утре попладне (17.30 ч.), македонската репрезентација ќе игра и против Словенија
„Зборнаја“ убедливо ги доби првите два сета во кои покажа кој е кој на теренот. Во третиот малку го спушти гардот и дозволи контролирана неизвесност и игра на разлика, но повеќе од тоа не дозволи за конечни 25:15, 25:16, 30:28. Утре е ден за одмор за избраниците на Никола Матијашевиќ кои во понеделник од 20.30 ч. ќе играат против Белорусија
Селекцијата од северот на континентот славеше против „црвено-жолтите“ со 3:1 (по сетови: 25:23, 25:22, 23:25, 25:21) во меч од првото коло на 31. Европско првенство во одбојка. Утре од 17.30 ч. израниците на Никола Матијашевиќ против Турција во вториот настап во Љубљана
Мечот е попладнево (17.30 ч., МТВ 1, ТВ „Арена Спорт 2“) во арената „Стожице“ во Љубљана. Во рамки на групата Ц се и репрезентациите на актуелниот шампион Русија, на домаќинот Словенија, на Турција, на Белорусија. Мечевите во групата А се играат во Франција, во групата Б во Белгија, а во групата Д во Холандија
Денешната ждрепка во музејот Атомиум во Брисел ги смести „спартанците“ во групата Ц во Словенија во која, покрај селекцијата на „зборнаја“ и домаќинот, за ривали ги добија и Финска, Турција и Белорусија
„Црвено-жолтите“ загубија и од Швајцарија, која допатува во Скопје како аутсајдер, со 3:2 (по сетови: 25:21, 21:25, 23:25, 25:19, 12:15) и драстично ги намалија шансите за место на завршниот турнир од 12 до 29 септември догодина во Словенија, во Холандија, Белгија и во Франција
Конечни 3:2 за „црвено-жолтите“ (25:23, 25:23, 23:25, 23:25, 16:14) за огромен исчекор кон завршниот турнир во септември догодина што заеднички ќе го организираат Франција, Словенија, Холандија и Белгија. Во сабота во СРЦ „Кале“ од 20.30 ч. гостува Украина во второто коло во групата Ф
Репрезентацијата на „зборнаја“, во неизвесно финале во Краков, беше подобра од Германија со 3:2 (по сетови: 25:19, 20:25, 25:22, 17:25, 15:13), Србите до трето место по триумфот над Белгија со 3:2 (по сетови: 25:17, 22:25, 19:25, 25:22, 15:12)