Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Одбојка
Финска ја совлада Турција со 3:2 (по сетови: 25:20, 15:25, 18:25, 25:23, 15:12) и двете селекции, заедно со Русија и со Словенија од групата Ц, продолжуваат во топ 16 фазата. На „црвено-жолтите“ им беше потребна било каква победа на турските одбојкари против Финска за место во нокаут фазата, мисија што, сепак, останува да се брка во некоја наредна прилика
Македонската селекција вечерва загуби од скандинавскиот спаринг партнер со 2:3 по сетови, резултат со кој славеше во првиот меч. До дебито на Европските првенства преостануваат контролни мечеви со Украина и Бугарија или Белгија на турнирот „Бранко Хаџииљоски Чајка“ на 30 и 31 август и двомеч со Австрија во Сент Полтен на 5 и 6 септември
Машката одбојкарска репрезентација, конечно, успеа до историски подвиг и пласман на сениорски завршен турнир по убедливиот триумф над Унгарија во Скопје. На успехот му претходеа и победи на Шведска над Азербејџан и на Летонија над Израел. Ждрепката е закажана на 16 јануари (19 ч.) во „Атомиум“ во Брисел, шампионатот е закажан за септември во Франција, во Белгија, во Холандија и во Словенија
Со евентуален триумф утре попладне, а потоа и во среда на домашен терен со Унгарија за историски подвиг и учество на континенталниот собир од 12 до 29 септември во Франција, Холандија, Белгија и Словенија
„Црвено-жолтите“ пропуштија одлична прилика за преземање на лидерската позиција на табелата во групата Ф во квалификациите за ЕП 2019. По триумфот во Будимпешта со 3:2, дојде пораз на домашен терен пред двомечот со Швајцарија на 22 август во Скопје и на 25 август во
Одлуката е донесена на состанонот на административниот борд во Казањ, Русија и се напоменува дека истата ќе важи само за настани под капата на Европската конфедерација, но не и за натпревари во националните првенства
Тие во финалето ја поразија Италија со 3:2 (по сетови: 26:24, 17:25, 25:22, 22:25, 15:8). Србија подобра од Кина со 3:1 (по сетови: 25:22, 20:25, 25:23, 25:21) во натпреварот за трето место
Капитенот беше оптимистички расположен пред Фајналфор турнирот во Европската одбојкарска лига и, со манир на голем спортсмен, доблесно самокритичен по поразот во мечот за титулата во Гентофте, Данска
Шампионскиот пехар до наредното издание на натпреварувањето ќе престојува во Киев по триумфот на Украинците над „црвено-жолтите“ со 3:1 (по сетови: 25:15, 25:22, 24:26, 25:13) во финалето на Фајналфор турнирот во Гентофте, Данска. Третото место Шведска по триумфот над домашната селекција со 3:1 (по сетови: 25:23, 16:25, 25:19, 25:21)
„Црвено-жолтите“ во полуфиналето на Фајналфор турнирот во Гентофте ја поразија домашната селекција со 3:2 (по сетови: 19:25, 20:25, 25:14, 25:20, 15:11). Ривал во утрешниот меч за титулата (19 ч.) ќе биде Украина која со идентичен резултат беше подобра од Шведска (по сетови: 23:25, 25:19, 25:16, 22:25, 18:16)
Националите го совладаа и Азербејџан со 3:0 (по сетови: 25:20, 25:19, 25:21) во натпревар од второто коло на вториот турнир во групата А што викендот се игра во Тирана. Настапите во групната фаза ќе бидат комплетирани со утрешниот дуел (18 ч.) против Албанија
„Црвено-црните“, пред малку во Тирана, ја поразија Шведска со максимални 3:0 (по сетови: 25:16, 25:22, 32:30) и уште во воведното коло на вториот турнир во групата А се потврдија како учесници на завршниот турнир во натпреварувањето