Два од четирите ко-домаќини на Европското одбојкарско првенство во машка конкуренција ги завршија настапите во осминафиналето. Белгија во Антверпен беше изненадена од Украина со 2:3 (по сетови: 22:25, 25:21, 25:14, 18:25, 10:15) додека Холандија во Апелдорн загуби од Германија со 1:3 (по сетови: 17:25, 22:25, 32:30, 23:25).

Бранителот на титулата, Русија немаше проблеми во дуелот со Грција во Љубљана и со максимални 3:0 (по сетови: 25:16, 25:15, 25:16), а со ист резултат и Србија ја елиминира Чешка (по сетови: 31:29, 25:21, 25:18).

ЕП во одбојка (м), осминафинале

Русија – Грција 3:0 (по сетови: 25:16, 25:15, 25:16)

Србија – Чешка 3:0 (31:29, 25:21, 25:18)

Франција – Финска 3:0 (25:16, 25:23, 25:21)

Полска – Шпанија 3:0 (25:18, 25:13, 25:16)

Словенија – Бугарија 3:1 (25:27, 25:17, 25:16, 25:17)

Германија – Холандија 3:1 (25:17, 25:22, 30:32, 25:23)

Украина – Белгија 3:2 (25:22, 21:25, 14:25, 25:18, 15:10)

Италија – Турција (недела, 17 ч.)