Browsing: Охрид

Патеката долга 30 километри ќе води од Свети Наум до Охрид, а новитет од оваа година е воведување и на штафетна трка во три делници по десет километри. Првата измена ќе биде кај селото Трпејца, втората кај населбата Лагадин по што натпреварувачите ќе продолжат до крајната точка на кејот „Македонија“

Претседателот на државата и Врховен командант на вооружените сили на свеченоста во Охрид вети дека ќе инсистира на подобрување на животниот и професионалниот стандард на војниците, како и поддршка на реформите во одбраната и изиарзи поддршка за заложбите на Владата да издвојува два проценти од БДП за инвестирање во одбраната како идна членка на Северноатлантскиот сојуз

Локалните избори во овие три општини ќе се одржат заедно со претседателските. Првиот круг треба да се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај. Ждрепката за редоследот на избирачкото ливче ќе се одржи во понеделник

Во меѓувреме се очекуваат Собранија и во Општинските фудбалски сојузи кои треба да истакнат свои фаворити за претседател. Рокот за нивно одржување и изјаснување кому ќе дадат поддршка или зад кого ќе застанат е 22 февруари

Советот на општина Охрид на денешната вонредна седница свикана по повод  ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски едногласно  донесе одлука…

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ на денешниот протестен марш во Охрид ја повтори штетноста на Преспанскиот документ по македонските национални интереси и држава и порача дека треба да се отфрли