Browsing: Пензија

Чехот се повлекува од професионалниот тенис со заработувачка од преку 30 милиони долари, 13 турнирски победи во поединечна конкуренција, две во двојки и со две титули во Дејвис купот во 2012 година и во 2013 година. Официјалната објава ја најави за сабота на завршниот Мастерс во Лондон

Василија и Алексеј ја завршија кариерата во ЦСКА Москва на 36 годишна возраст. Со „армејците“ имаат шест шампионски титули во руската Премиерлига, седум во националниот куп, пет во рускиот Суперкуп и една во Купот на УЕФА во 2005 година

Вредноста на соработката меѓу полскиот репрезентативен голман и шампионот во Серија А, според медиуми на Апенините, е 10 милони евра плус два милиона во вид на бонуси или 3,5 милиони евра по сезона. Поранешниот репрезентативен напаѓач на „азурите“, пак, според „Газета дело Спорт“ ќе го раскине договорот со Верона што го потпиша пред само осум дена и засекогаш ќе ги обеси копачките на ѕид

Поранешниот тренер на Ајакс, АЗ Алкмар, Барселона, Баерн Минхен и Манчестер јунајтед и селектор на Холандија заминува во пензија, објави холандски „Телеграф“. Како причина весникот ја наведува ненадејната смрт на сопругот на една од неговите ќерки во минатиот месец