Browsing: Полска

Полјаците наместо резултат за „бетонирање“ на лидерската позиција во групата Е доживеаја дебакл на „Паркен“ стадионот. Данците славеа триумф со 4:0 што можеше да биде изразен и со поубедлива разлика. Продолжува импресивната победничка серија на Германија и мундијалскиот сон на Црна Гора. Словенците поразени од Словачка во Трнава

Офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид погоди во 16 минута, во 54. и во 72., мрежата на Алексовски ја тресеа и Саул Нигез во 10. и Делофеу во 35. од пенал. „Црвено-жолтите“ покажаа заби, 24 пати се обидоа да постигнат првенец во дебитантското учество на ЕП, но не успеаја. Шанса за тоа ќе имаат во вторник (18 ч.) против Србија во Бидгошч

Полјаците поведоа уште во првата минута со голот на Патрик Липски, но крајот им припадна на нивните словачки врсници. Мартин Валент израмни на 1:1 во 20 минута, за резервистот Шафранко во 78 минута да погоди за пресврт и големи три бода