Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Договорот ЕУ-Турција добро функционира, бројот на мигранти се намалува

0
By Соња Трајковска on September 7, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 7, 2017 09:19

Европскиот комесар за миграција Димитрис Аврамопулос тврди дека договорот меѓу Европската унија и Турција за мигрантите добро функционира, но дека се потребни дополнителни напори за забрзување на процедурата за добивање азил.

Тој посочи дека бројот на мигранти е намален за 97 отсто од март минатата година, кога Брисел и Анкара го постигнаа договорот.

Аврамопулос прецизираше дека повеќе од 8.800 Сиријци од Турција сега го пронашле својот дом во Европа.

Според договорот од март 2016 година, Турција се согласи да го запре приливот на мигранти во Грција, а за возврат требаше да добие забрзување на пристапните преговори во ЕУ, визна либерализација и најмалку три милијарди евра помош за сириските бегалци на своја територија.

Во септември ЕУ го одобри контроверзниот план за квоти според кој околу 160.000 бегалци требаше да бидат распределени низ земјите од Унијата со цел да им олеснат на земјите како Грција и Италија каде што тие пристигнуваат по воден пат.

Романија, Чешка, Словачка и Унгарија, гласаа против прифаќањето на задолжителни квоти.

Финска се воздржа од гласање. Полска, која се спротивстави на предлогот, гласаше сепак за.

Унгарија која покрај радикалните мерки како поставување жица на границата како одбрана од бегалците, на 3 октомври лани одржа и референдум кој беше неуспешен, бидејќи недоволен број гласачи излегоа да се изјаснат на прашањето на Владата на Орбан : Дали сакате Европската унија да биде во можност задолжително да пресели неунгарски граѓаните во Унгарија дури без одобрение на националното собрание?

Според тие квоти, Унгарија требаше да прими 1.294 бегалци.

Словачка заедно со Унгарија поднесоа жалба со Европскиот суд на правдата против планот на ЕУ.

Според квотите, Братислава требаше да прифати околу 2.300 бегалци и мигранти.

Во декември лани, тогашниот германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер најави дека против земјите членки на ЕУ кои нема да прифатат бегалци според програмата за квоти за нивна распределба, ќе биде покрената правна постапка.

При поднесувањето на предметот до Судот на правдата, Унгарија и Словачка тврдеа дека има процедурални грешки и дека квотите не биле соодветен одговор на мигрантската криза.

Вчера Европскиот суд на правдата го отфрли барањето од Унгарија и Словачка, поддржано од Полска, за отфрлање на квотите.

-Судот ги отфрли постапките на Словачка и Унгарија против привремениот механизам за задолжително преместување на барателите на азил, се вели во соопштението.

-Овој механизам, всушност, придонесува Грција и Италија да се справат со влијанието на миграционата криза во 2015 година и е пропорционален, се вели во одлуката.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто ја оцени како „запрепастувачка и неодговорна” одлуката на Судот на ЕУ.

Словачкиот премиер Робер Фицо наведе дека, Словачка ја прифаќа пресудата на Судот на ЕУ за отфрлање на заедничката жалба со Унгарија за миграциската политика на ЕУ, но нема да ја промени негативната позиција за бегалските квоти.

Германскиот министер за надворешни работи Зигман Габриел ја поздрави одлуката на Европскиот суд, нагласувајќи дека очекува сите европски партнери да се придржуваат до одлуката и веднаш да го применат договореното.

Одлуката, иако очекувана, беше одложувана преку две години, додека ЕУ го преживуваше Брегзит, безбедносните закани и меѓународните предизвици.

Полска, која првично гласаше за воведување на квотите, а потоа потоа силно се спротивстави на таа шема откако на власт дојде десничарска Влада, денеска преку премиерката Беата Шидло соопшти дека „Полска и во иднина нема да прима мигранти по квотите за нивна распределба, као што предвидува планот на Европската унија, и покрај одлуката на Европскиот суд на правдата дека Брисел има право да ги принуду земјите-членки да ги прифатат азилaнтите“.

Во јуни Европската комисија покрена правна акција против Полска и Унгарија бидејќи не примија ниту еден барател на азил, како и против Чешка бидејќи престана да прима мигранти.

Речиси 2 милиони мигранти пристигнаа во ЕУ од 2014 година, со голем бран миграција во 2015 година. Со договорот за затворање на рутата од Турција до Грција, овој бран е запрен, а беа вложени и многу напори за поддршка на Либија за да се спречи заминување за Италија.

 

Е Европски суд на правдата Мигранти Полска Словачка Турција Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.