Browsing: премиер

Со десетте стратешки државни институции заеднички ќе управуваат по еден Македонец и Албанец кои ќе имаат заеднички права за потпишување, флексибилно работно време и пола работен ден во петок, а 13 август, денот на потпишување на Охридскиот рамковен договор, да биде национален ден, истакна меѓудругото кандидатот за премиер на ДУИ

Изборите мора да бидат во согласност со Уставот и законите за да имаме легитимен и легален процес. Добро е да имаме консензус за учество во политичкиот процес. Разговаравме во партијата, за сите нас е важно да се оди на избори со сите политички структури и на тој начин да се добие легитимитет, истакна техничкиот премиер за време на денешното гостување во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“

Лидерот на ДУИ излезе со ваков став на 18 годишнината од основање на партијата што побуди низа реакции кај политичките субјекти во земјава. СДСМ како коалициски партнер возврати дека тоа е услов за владина коалиција, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада. За албанските партии ваквата идеја на ДУИ е популистичка, а Ахмети нема легитимитет да зборува за потребите на граѓаните

Неговата одлука доаѓа по два дена од објавата на аудио снимки во кои се слуша за време на состаноци со неколку министри како ги насочува да зборуваат за економијата со претседателот за кој како што вели „не ги разбира економските работи“