Browsing: Премиерлига

Сите четири гола на стадионот „Виталити“ беа постигнати во второто полувреме. Двапати Кинг (47’, 74’) и по еднаш Брукс (63’) и Дениелс (90’+5’) ја тресеа мрежата на Аризабалага за јубилејна десетта победа во сезоната и десетто место на табелата со 33 бода

Ливерпул ги совлада „црвените ѓаволи“ со 3:1 во дербито на 17. коло во Премиерлигата или ако сакате „дербито на Англија“ и го задржа врвот на табелата. Херој на „Енфилд“ беше Џердан Шаќири кој влезе во игра во 70. минута и до 80. минута постигна два гола за осигурување на трите бода на неговата екипа

Лисиците“ во рамки на 11 коло во Премиерлигата славеа во Кардиф над истоимениот домаќин со 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Демарај Греј во 55 минута, момент што фудбалерите го прославија емотивно со истакнување на маичките под дресовите на кои пишуваше „За Вишај“

Белгискиот репрезентативец беше двоен стрелец во триумфот на „црвените ѓаволи“ со 2:0 во четвртото коло во англиската Премиерлига. Голем пресврт на Вотфорд во мечот со Тотенхем за конечен триумф со 2:1

По триумфот во минатата сезона со 1:0, „морските галеби“ славеа над великанот од „Олд Трафорд“ и во тековното издание на Премиерлигата. Конечни 3:2 за тимот од јужниот брег на Англија што, секако, ќе придонесе да „пука“ од самодоверба во соблекувалната на Крис Хатон за мечевите што ќе следуваат

„Граѓаните“ славеа на „Емирати“ со 2:0 и најавија дека одбраната на титулата е нивни врвен приоритет во новата сезона. Ливерпул ја забележа 500. победа во Премиерлигата во мечот со Вест Хем (4:0)

„Црвените ѓаволи“ го совладаа Лестер со 2:1 во увертирата на новата сезона. Погба во третата минута од пенал и Лук Шо во 83. минута погодија за тимот на Жозе Мурињо, Варди го постигна единствениот за „лисиците“ во судиското надополнување