Англиската Премиерлига размислува за воведување на лимит за странски играчи во клубовите, пишува „Тајмс“. Ова доаѓа како последица на референдумското изјаснување за излез на Велика Британија од Европската унија. Како што се наведува во текстот, замислата е на екипите да им биде дозволено да имаат 12 странци од вкупно 25 во ростерот.

Фудбалската Асоцијација (ФА) ќе се обиде да изврши притисок врз Премиерлигата и да ја принуди да ги прифати овие услови Во спротивно, барањата за играчи од земји кои не се членки на ЕУ во врска со постапката за добивање на работна дозвола може да се прошират и на фудбалерите на ЕУ.