Browsing: Премиерлига

„Граѓаните“ го совладаа Брајтон со 3:1 и стигнаа до 97 бода во сезона што е за два повеќе од Челзи во 2005 година, а тимот на Перп Гвардиола на коло во крајот има постигнато 105 гола или два повеќе од, исто така, „сините“ од „Стемфорд бриџ“ од сезоната 2009/10

Популарните „чекани“ славеа на гостувањето кај Лестер со 2:0 и се потврдија како членови на англиската фудбалска елита и за наредната сезона. Тимот од Бирмингам, пак, го совлада Тотенхем со 1:0 и ги одржа надежите за можен опстанок додека „потерси“ загубија на „Британија“ од Кристал палас со 1:2 за преселба во втора лига

Радикални новитети во најава за фудбалската сцена на Апенините. Италијанците ја копираат традицијата на Англичаните со натпревари пред и по католичкиот Божик. Планираните промени се однесуваат и на летните и на зимските преодни рокови кои се кратат и ќе завршат на 24 часа до почетокот на есенската и на пролетната полусезона

Португалецот го зададе решавашкиот удар во последното вербално препукување со италијанскиот колега и го наврати на четиримесечната суспензија што актуелниот менаџер на Челзи ја доби во сезоната 2012/13 бидејќи не сторил ништо да спречи лажирање на резултат како тренер на Сиена

Составот на Пеп Гвардиола и натаму не знае за пораз во оваа сезона во Премиерлигата во која има само едно реми, откако денеска против спарси (4:1) ја забележа и 16 победа и издаде уште една потврда дека е главен кандидат за детронизирање на Челзи

Со двата гола на францускиот напаѓач, „топчиите“ ја совладаа екипата на ВБА со 2:0 и се вратија во чекор со водечките на табелата. Ветеранот кај гостите од Бирмингам, пак, го одигра 633 меч што го прави фудбалер со најмногу настапи во елитната англиска конкуренција

Лондонските „сини“ го поразија Лестер на неговиот „Кинг Пауер“ стадион со 2:1, „топчиите“ на Венгер убедливи против Борнмут со 3:0, резултат со кој и Тотенхем го совлада Евертон на „Гудисон парк“. Манчестер сити, пак, го потопи Ливерпул на „Етихад“ со 5:0

Втори по „галантност“ за засилувања се екипите од Серија А со 735 милиони фунти, трета е француската Лига 1 со 590 милиони фунти, бундеслигашите потрошија 550 милиони фунти, последна од најсилните пет шампионати во Европа е шпанска Примера со 500 милиони фунти

Рашфорд и Фелаини влегоа од клупата и во само 12 минути ги пробија гостите од „Кинг Пауер“ стадионот на задоволство на спринтерот од Јамајка кој беше на трибините на „Олд трафорд“. Лукаку во 53 минута не успеа да реализира пенал