Синоќа во Велес по девет часа рочиште: Владимир Панчевски осуден на 3,5 години затвор

Обвинетиот во предметот за злоупотреби на АКМИС системот, во својот завршен збор истакна дека ова обвинение е политички опструирано и лицемерно, бидејќи се поведува една година по завршување на неговиот мандат во Основниот суд Скопје 1, односно тие го обвинувале дека само тој повредувал права, а не и судиите кои суделе

Европски суд за човекови права: Љубе Бошкоски немал правично судење

Судот во Стразбур во однос на тужбата на Бошкоски против Република Северна Македонија констатира дека во текот на целото судење имало „недостиг на правичност“ согласно Европската конвенција за човекови права, поради што пресуди да му бидат исплатени 4.500 евра за нематеријална штета и 1.220 евра за трошоци и расходи

Финале во случајот „Рекет“: Денеска рочиште за завршни зборови, па пресуда

Првообвинет е Бојан Јовановски - Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај второобвинетата Катица Јанева, поранешна специјална обвинителка, за бизнисменот Јордан Камчев, осомничен во предметот „Империја”, да добие поблаги мерки во истражната постапка за што во обвинението се тврди дека земал 1,5 милиони евра. Судењето почна на 3 декември лани и уште на првото рочиште третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец го призна делото и доби тригодишна затворска казна

Судот во Стразбур пресуди во полза на скопјани исклучени од централно греење

Европскиот суд за човекови права оцени дека Северна Македонија не го заштитила имотот на лицата кои не сакале да ја подмират фиксната сметка за топлинска енергија на исклучените станови од мрежата за централно греење, откако оцени дека во случајот имало прекршување на членот 1 од Протоколот 1 на Европската конвенција за човекови права