Browsing: протести

Синоќешните протести во Белград ги оквалификува како „најбрутално политичко насилство“, дека собирот бил добро организиран и непријавен, но и дека потфрлиле српските безбедносни служби бидејќи дошло до наплив на „криминален и меѓународен фактор и служби“

Пратеникот во српскиот Парламент, Ѓорѓе Вукадиновиќ рече дека „таква бруталност на полицијата е непотребна и толку многу солзавец не е регистриран во Белград од 5 октомври 2000 година“ кога режимот на Слободан Милошевиќ беше соборен со протести

По убиството на Џорџ Флојд, се вршат реформи и во непосредните постапки при задржување – гувернерот Ендрју Куомо истакна дека сојузната држава Њујорк треба да забрани задушување, додека гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусам порача тамошната полиција да ги укине обуките за задржувања при кои се употребува стисок на каротидната артерија. Во Минеаполис локалната власт изгласа забрана за употреба на коленото за фиксација на осомничениот при апсење

Протестите против полициското насилство по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд продолжија од Њујорк до Лос Анџелес. И пред Белата Куќа повторно имаше демонстрации. Претседателот на САД беше евакуиран во подземен бункер

Државниот гувернер Тим Волц синоќа ја активира Националната гарда и прогласи вонредна состојба во Минеаполис и околните области. Протестите започнаа во средата, а бесните учесници за време на вчерашните демонстрации ги ограбуваа продавниците, ги опустошуваа и ги демолираа

Законот кој беше донесен кон крајот на минатата година предвидува дека верските објекти изградени или стекнати од јавни приходи до 1 декември 1918 година, ќе станат државен имот, освен ако не постојат докази за сопственост на верската заедница на оние објекти што денес ги користат или се регистрирани како сопственици