Browsing: Ракомет (м)

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва со шеста увертира на Европските првенства. Ривал во премиерната партија на 14. издание на континенталните турнири е селекцијата на Украина. Мечот е од 20.30 часот (пренос на Телма ТВ) во „Винер Штадхале“ во Виена

Негативата од еден гол по првите 30 минути во Грац, Хрватска ја претвори во триумф над црногорските ракометари со шест гола на крајот (27:21), Србија, пак, загуби од Белорусија со 30:35. Македонската репрезентација утревечер (20.30 ч.) во Виена ќе игра против Украина

Данска славеше над С. Македонија со 29:26 (полувреме 13:11) и по четврти пат ја потврди фаворитската улога во групата Ц на шампионатот во Скопје. Листата на стрелци во македонската репрезентација ја предводеше Мартин Серафимов со девет гола пред Ненад Костески кој постигна шест. Последен ривал во групната фаза на турнирот за македонските ракометари е Јапонија (понеделник, 20.30 ч.)

Во натпревар од третото коло во групата Ц совладан е Бахреин со 27:25 (полувреме: 12:9) по кој селекторот Данило Брестовац истакна дека е присутен напредок меѓутоа, истовремено, нагласи дека тимот што го предводи е далеку од максимум на капацитетот. Следува ден одмор за македонските кадети кои во недела (20.30 ч.) ќе играат против Данска, единствениот европски ривал во групата Ц до чиј крај потоа ќе преостане и пресметката со Јапонија

Кадетската репрезентација на С. Македонија ја забележа првата победа на Светското ракометно првенство за играчи до 19 години во Скопје. Во меч од второто коло во групата Ц е совладана Нигерија со 37:34 (полувреме 18:16), но освен резултатот, до драстично поправање на впечатокот по неочекуваниот пораз од Аргентина на стартот не дојде. Нареден ривал на националниот тим на СП 2019 за играчи до 19 години е Бахреин (СЦ „Борис Трајковски“, петок, 20.30 ч.)

Тимот од Автокоманда во финалето на Фајналфор турнирот во Куманово ги совлада „црвено-црните“ на пенали со вкупни 33:32. Мечот во основниот дел заврши 29:29, на полувреме беше 12:16 за вардарци. Во женското финале, кумановски го поразија ЖРК Вардар со 24:22

Во скандинавското финале на 26. СП, Данците ја совладаа Норвешка со 31:22 и без ниту еден пораз ја освоија мундијалската титула. Бронзениот медал за Франција која во меч за третото место славеше над Германија со 26:25. Меѓу репрезентациите учеснички на турнирот беше и македонската која го освои 15. место со биланс од три победи и четири порази

Швеѓаните ја поразија Хрватска со 34:28 додека Шпанците беа подобри од Египет со 36:31 и се сместија на последното место во генералниот пласман што обезбедија квалификации за олимписките игри во Токио во 2020 година