Browsing: Ракомет (ж)

Актуелниот светски и олимписки првак во полуфиналето беше убедлив и против Холандија со 32:23 (полувреме 17:10) и во неделниот меч за титулата ќе игра со подобриот од вечерашната пресметка меѓу Шведска и Франција (20.45 ч.)

Бранителот на титулата ја декласира „зборнаја“ со 34:17 и во реприза од полуфиналето на претходниот мундијал, во петок од 17.30 ч., ќе игра против Холандија. Во вториот меч за финале (петок, 20.45 ч.) ќе се судрат Шведска и Франција

Во дербито на групата Ц, во Олденбург, Црногорките ја совладаа Данска со 31:24. Словенија ја порази Франција со 24:23, а Србија ја понижи Кина со 43:23. Норвешка, како бранител на титулата, ја правда улогата на фаворит против Унгарија (30:22)

Домаќинот на 23. мундијал во преполната сала во Лајпциг го совлада Камерун со 28:15. Од 11. саботни дуели на турнирот за комплетирање на првото коло во фокусот се три. Франција – Словенија во групата А, Норвешка – Унгарија во групата Б и Данска – Црна Гора во групата Ц

По вчерашниот од Бразил (19:32) во првото коло, попладнево избраничките на селекторот Симе Симовски загубија и од домашната селекција на Романија со 18:31. Утре од 13 часот, македонските ракометарки ќе играат и против Полска во последниот настап на турнирот во Крајова

Словенија ќе игра во групата А заедно со Франција, Романија, Шпанија, Ангола и Парагвај. Црногорките ќе бидат дел од групата Ц со Данска, Русија, Бразил, Јапонија и Тунис, а Србинките во Д конкуренцијата заедно со Холандија, Германија, Ј. Кореја, Кина и Камерун. Завршниот турнир е од 1 до 17 декември оваа година во Германија

Норвежанките во најнеефикасното полуфинале во историјата на Европските првенства ја совладаа Франција со 20:16, Холанѓанките, пак, беа пподобри од Данска со 26:22. Романија ја порази Германија со 23:22 и го освои петтото место

Французинките ја декласираа Полска со 31:22, Германките ја шокираа Холандија со 30:27. Србија ја совлада Словенија во балканското дерби во групата А со 36:34, домаќинот на турнирот, Шведска подобра од Шпанија со 25:19