Норвешка и Холандија ќе играат во финалето на женското Европско првенство во ракомет чиј домаќин е Шведска. Норвежанките во полуфиналето ја совладаа Франција, сребрената селекција од последните олимписки игри во Рио, со 20:16 додека Холанѓанките ја елиминираа Данска по триумфот со 26:22.

Мечот за титулата во недела ќе биде реприза на финалето од ланското Светско првенство што скандинавките го добија со 31:23. Норвешка и Франција го одиграа најнеефикасното полуфинале во историјата на завршните турнири. Постигнаа еден гол помалку од пресметката за финале меѓу Шпанија и Црна Гора на ЕП 2104 (19:18) како и од нивната меѓусебна пресметка на ЕП 2012 (21:16).

Фото: swe2016.ehf-euro.com

Централна фигура во победничката репрезентација беше голманката Силје Солберг која одбрани 13 топки од кои добар дел во финишот на средбата за осмо финале во серија на Норвешка на ЕП (игра во секое од 2002 година). Најефикасна ракометарка, пак, беше Нора Мерк со 7 гола, Александра Лакрабер постигна шест за француската селекција.

Фото: swe2016.ehf-euro.com

Еставана Полман постигна седум гола, Корнелија Ники Грот реализира шест, а Тес Вестер забележа 11 интервеции во победата на холандските ракометарки над Данска со 26:22 што значеше и историски пласман за нив во финале на ЕП.

Во натпревар за петтото место на турнирот, Романија ја совлада Германија со 23:22.

ЕП 2016 (ж) – Шведска

Резултати

Полуфинале: Франција – Норвешка 16:20, Холандија – Данска 26:22

За 5. место: Германија – Романија 22:23