Browsing: ракомет

Хрватска ремизира на гостувањето против Србија во квалификациите за ракометното ЕП 2020. Во тоа успеа во последниот напад за конечни 25:25 во „Штарк арена“ во Белград, но и да остане осамена на врвот на табелата во групата 2

Дуелот во Рејкјавик, за кој отпаднаа Мартин Томовски, Мартин Серафимов, Мартин Манасков и Димитар Димитриоски, е во среда со почеток во 21:45 часот. Македонската ракометна репрезентација е со половичен ефект по две кола во квалификациите за ЕП 2020 – триумф над Турција (31:27) и пораз од Грција (26:28)

По двете победи во осминафиналето во Лигата на шампиони (27:18 и 32:30), „црвено-црните“ подобри од ППД Загреб и на неутрален терен, во Брест, Белорусија, со 26:23 за петта победа во регионалното ракометно натпреварување што ја засени тешкиот пад и повреда на германскиот интернационалец во ростерот на Гарсија Парондо. Во меч за третото место, Мешков Брест го совлада Нексе со 24:19

„Црвено-црните“ дофатија ново финале во регионалното ракометно натпреварување по триумфот над Мешков Брест со 25:23 (полувреме 14:10) во второто полуфинале на Фајналфор турнирот во Белорусија. Претходно ППД Загреб ја доби хрватската пресметка со Нексе со 28:23. Мечот за титулата е утревечер од 19 часот

„Црвено-црните“ и во реваншот го совладаа хрватскиот противник со 32:30 за потврда на оние 27:18 од првата средба во загрепска арена во минатиот викенд. Нареден ривал на вардарци ќе биде подобриот од двомечот ПИК Сегед – Висла Плоцк

Ракометната пресметка што беше најавена како меч на неделата на ЕХФ и дерби на осминафиналето донесе еднонасочен натпревар. „Црвено-црните“ ги декласира „плинарите“ со 27:18 (полувреме 14:6) за, слободно ќе речеме, формален реванш по седум дена во СЦ „Јане Сандански“ во рамки на осминафиналето во Лигата на шампиони

Македонскиот лигаш во четвртото коло го совлада хрватскиот претставник со 29:28 во меч во кој постојано беше во водство за заслужена радост на крајот со навивачите во салата „Боро Чурлевски“. Нареден гостин во Битола ќе биде Хановер на 24 март