Browsing: реакции

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ го обвини поранешниот градоначалник на Аеродром за пасивност во нападите кон Заев во изминатите три години за што истакна дека „има други работи“ што ги образложи со поседување на стан и деловен простор од 350 метри квадратни во зградата кај Мајчин Дом. Таквите наводи, Коневски ги оквалификува како лаги и манипулации и најави тужба против Стоилковски, а на лидерот Христијан Мицкоски му порача дека ништо нема да го спаси од заминување

Неопходноста од промени и обединување во ВМРО-ДПМНЕ, Тодоров ја изрази преку колумна во „Дојче Веле“ додека поранешниот прв човек на УБК се јави со реакција на социјалните мрежи. Пораки во тој контекст вчера испорачаа и Никола Попоски и Даниела Рангелова

Агенцијата „Ројтерс“ и истакнува дека идната влада се соочува со зголемен притисок од ЕУ и САД за официјален Белград да го признае Косово што се смета за клучно прашање за стабилноста на регионот

Македонските оператори вечерва во 18 часот ја реализираа најавата за времен прекин на реемитувањето на сите ТВ програми, освен на јавниот сервис МРТВ, во знак на протест поради, како што соопштија, наметнати неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги

Вчерашниот случај со прекршување на „полициски час“ од момче со куче со скопската населба Кисела Вода предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи. И додека едни се со став дека треба да се „прогледа низ прсти“ на сторителот, најголем дел се однесуваа на бројноста на полициските службеници при „обезбедување на пленот“ и за видливото нивно непочитување на мерките за заштита од ширење на ковид-19 (носење ракавици и маски)

Комесарот за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, германскиот министер за европски прашања, Михаел Рот и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен го поздравија донесувањето на Законите за ЈО и за Совето на јавни обвинители во Собрание и изразија надеж за скоро отпочнување на преговори на членство на Унијата со С. Македонија

Режисерот Љубомир Стефанов на својот Фејсбук профил објави видео запис со кинематографот Самир Љума и режисерката Тамара Котевска со нивните реакции по селекцијата на Американската Академија за вклучување на македонското остварување во две трки за ласкавото признание

Тензиите на Блискиот Исток достигнуваат точка на вриење по американскиот воздушен напад во близина на аеродромот во Багдад во кој смртно настрада командант на иранската елитна единица „Кудс“