Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Екипата на „Медена земја“ ги славеше двете номинации за „Оскар“ во Еквадор

0
By Нова ТВ on January 14, 2020 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 14, 2020 10:38

Веста дека доби две номинации за „Оскар“, екипата на македонскиот документарец „Медена земја“ ја дочека во далечниот Еквадор. Режисерот Љубомир Стефанов на својот Фејсбук профил објави видео запис со кинематографот Самир Љума и режисерката Тамара Котевска со нивните реакции по селекцијата на Американската Академија за вклучување на македонското остварување во две трки за ласкавото признание.

Преку жената која случајно ја сретнавме, пред светот се отвори приказна – алегорија на една глобална слика каде што хуманото и натуралното се борат да преживеат. Атиџе и пчелите се прототип за новиот генски материјал, кој треба да победи во битката на титаните, каде што природата се бори со деструктивното.

https://www.facebook.com/ljubomir.stefanov/videos/10216145623293338

Среќни сме што светските критичари и членовите на Академијата го препознаа крикот на планетата, кој ечи меѓу фрејмовите во филмот. Ја открија големината на човекот преку големината на единката. Се разнишаа убедувањата дека радоста се крие во поседувањето.

Ова е првпат во историјата на „Оскарите“, документарен филм да е номиниран во две категории, што значи дека ова не е само успех со историски размери, туку потврдува дека документариот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување, каде што стои рамо до рамо со фикционалната нарација, а поради својата реалност, заслужува посебна опсервација. Провоцира искрено сочувство, кое не се заборава по гледањето на филмот.

Филмот повикува на скромност, а кога ја гледаме љубовта во очите на гледачите, силно веруваме дека пораката е препознаена и дека скромноста е новото време низ кое со радост ќе зачекориме.

Уште еднаш, бескрајна благодарност до членовите на Академијата што филмот го нарекоа – материјал заслужен за Оскар“, напишаа тие на фан профилот на „Медена земја“ на Фејсбук.

Единствениот македонски филм кој добил номинација за Оскар е филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 1995 година.

Меѓу петте номинирани за најдобар документарец покрај „Медена земја“ се и „Пештерата“,  „Американска фабрика“, „Доба на демократија“ и „За Сама“. За најдобар странски филм номинации добија „Клетници“ од Франција „Корпус кристи“ од Полска, „Болка и слава“ од Шпанија и „Паразит“ од Јужна Кореја.

„Медена земја“ Еквадор реакции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.