Browsing: Русија

„Персиските ѕвезди“ по петти пат ќе учествуваат на мундијалите на кои никогаш досега (СП 1978, СП 1998, СП 2006 и СП 2014) ја немаат минато групната фаза. До претстојниот стигнаа без примен гол во 12 квалификациски меча

Египќаните ја имаат најтрофејната фудбалска репрезентација кога е во прашање африканскиот Куп на нации што го освојуваа седум пати низ историјата. Но, сосема е поинаква ситуацијата со Светските првенства. Претстојното во Русија ќе биде третo за нив што го чекаа од 1990 година и турнирот во Италија, откако за СП 2010 и за СП 2014 година беа запрени во бараж мечевите

Успехот на своја почва од 1930 година (во финалето ја совладаа Аргентина со 4:2), „Ла Селесте“ („небесно-сини“) го повторија и две децении подоцна во Бразил, а на последниот мундијал беа елиминирани во осминафиналето

„Зборнаја“ стана европски шампион во 1960 година и заврши како четврта на мундијалот во 1966 година. Оттогаш без позабележителни резултати на големите фудбалски смотри, а на претстојната ќе биде и најслабо рангиран тим од сите 32 селекции