Browsing: СДСМ

Тој најавува поддршка од 600 милиони евра за бизнисот, односно 300 милиони евра поддршка од државата за домашни и странски инвестици и уште 300 милиони европски средства за развој на домашната економија

Беса е првата албанска партија која го надмина досегашниот амортизиран концепт на домашната политика – етничките гласови да се употребуваат најмногу како бројка за постизборни калкулации за учество во владини коалициии, порача лидерот на СДСМ по потпишувањето на Декларцијата за заеднички настап со Движењето БЕСА на изборите на 12 април

СДСМ како главна партија во извршната и во законодавната власт, преку законски решенија, создаде услови за независно и професионално правосудство. Со Законот за Јавно обвинителство се оформува независен обвинителски систем преку кој се отвора пат за судска завршница на сите предмети покренати од СЈО кои се во судска постапка. Со законот се создадени услови за продолжување на активностите на јавните обвинители во врска со десетина случаи кои произлегуваат од нелегалното прислушување и кои се наоѓа во фаза на истрага, рече портпаролот владеачката партија

Собранието доцна синоќа ја утврди потребата за донесување на законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители по скратена постапка. Носењето на самата одлука мина во тензичка атмосфера и препукувања меѓу власта и опозицијата. Седницата првично беше закажана за 17 часот, но започна со задоцнување од околу четири часа. Владата го повлече текстот на законите поради технички грешки и по направените корекции повторно го врати во собраниска процедура. Расправата за двете предложени законски решенија се сели во собраниската Комисија за европски прашања и во Законодавно-правната комисија

Предложениот текст синоќа доби зелено светло во Владата и влегува во собраниска процедура. Власта ја обезбедила потребната двотретинска поддршка од пратениците за негово изгласување. Парламентарното мнозинство смета на гласовите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, на Алијанса на Албанците, на Алтернатива и на БЕСА

На нашите кандидатски листи младите ќе бидат застапени со 30 отсто, а за првпат ќе воведеме целосна родова рамноправност од 50 отсто жени и 50 отсто мажи, посочува генералниот секреатр Љупчо Николовски.