Browsing: селектор

Една од главните цели што се поставени пред Словенецот е пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година. За ангажманот во Багдад ќе има годишна плата од 1,2 милиони долари или вкупно 3,6 милиони долари за сиот период од договорот. Негов ривал за клупата на ирачкиот национален тим беше Швеѓанецот Свен Јеран Ериксон

Поранешниот тренер на Селта, на Барселона и на Рома го презема кормилото по турбулентниот период на националниот тим. На ден до почетокот на СП во Русија отказ му беше враќен на Хулен Лопетеги поради тајните преговори со Реал Мадрид, а по раната елиминација на мундијалот, оставка поднесе и Фернандо Јеро кој беше поставен како привремено решение

На кормилото на „азурите“ ќе биде во наредните две години со задача да ги врати на старите славни патеки. Опции за неговото работно место беа и Карло Анчелоти, Антонио Конте и Луиџи ди Бјаџо. На клупата ќе дебитира во претстојните пријателски мечеви против Саудиска Арабија на 28 мај, против Франција на 1 јуни и три дена подоцна против Холандија 

Актуелниот тренер на Зенит од Санкт Петербург ја прифати понудата на челниците на фудбалската Федерација, неговата промоција е најавена по завршување на сезоната во руската Премиерлига, јавува „Скај Италија

За легендарниот италијански фудбалер ова ќе биде прв самостоен селекторски ангажман во кариерата. Досега беше асистент на Фабио Капело во стручниот штаб на репрезентацијата на Русија и тренер на Ливорно и на Тернана.

Италијанецот, под чие водство Албанците се пласираа на ЕП 2016, заминува по шестгодишен ангажман во Тирана. На разделба порача дека остава добар и формиран тим, но причини за одлуката за разделба не наведе

Досегашниот менаџер на Севилја договори петгодишна соработка со тамошната федерација која на клубот од шпанската покраина Андалузија му плати 1,5 милиони евра за негово предвремено ослободување. На клупата ќе дебитира на 9 јуни во Мелбурн во пријателски меч против Бразил

Функцијата, според најавите, ќе ја преземе на крајот на сезоната по завршување на обврските кон Фенербахче чиј тренер е во моментот. Негов асистент во работата со националниот тим ќе биде Руд Гулит

Гулит, според весникот „Де Телеграф“, котира највисоко за наследник на Дени Блинд кој доби отказ по поразот од Бугарија во квалификациите за СП 2018. Легендата на Милан својот последен тренерски ангажман го имаше во 2011 година во Терек Грозни

За искусниот тренерски стручњак ова е трет репрезентативен ангажман во тренерска кариера. Претходно беше селектор на Србија и Црна Гора и на Црна Гора како независна држава