Руд Гулит е во најтесниот круг на кандидати за преземање на фудбалската репрезентација на Холандија. Легендарниот играч за врска на Милан, според весниот „Де Телеграф“, котира највисоко на листата на потенцијални наследници на Дени Блинд кој доби отказ по поразот од Бугарија во квалификациите за Светското првенство во 2018 година.

Меѓу кандидатите се испразнетата позиција, покрај Гулит, се и Хенк тен Кате, Роџер Шмид кој неодамна ја прекина соработката со Баеер Леверкузен и Луи ван Гал.

Гулит одигра 117 меча за „росонерите“ во Серија А во периодот од 1987 година до 1993 година и постигна 35 гола. Со тимот од „Сан Сиро“ освои и три Скудета и два европски трофеја. По фудбалската кариера започна тренерска. По една сезона ги водеше Њукасл, Феенорд, Лос Анџелес Галакси и Терек Грозни каде го имаше, засега, последниот ангажман во 2011 година и оттогаш е без ангажман.