Browsing: Шпанија

Каталонците вечерва го совладаа Атлетик Б. со 3:1 и со вкупни 4:3 се пробија до осумте најдобри во натпреварувањето. Аргентинецот со прекрасен гол од слободен удар уште еднаш се потврди како мајстор за прекини. Тимот од Билбао славеше во првата средба со 2:1

Според италијанските медиуми, трансферот на црногорскиот репрезентативец е завршена работа. Тимот од Андалузија го позајми фудбалерот на Интер до крај на сезоната со можност да го откупи неговиот договор

Повлекувањето на италијанскиот тренер доаѓа по три месеци од преземање на клубот од „Месталја“ кој има само три победи во 15 одиграни средби во Примера во оваа сезона и се наоѓа во зоната за испаѓање

Континенталното натпреварување догодина (31 август – 17 септември) ќе се одржи во Финска, Романија, Израел и Турција. Нокаут фазите и финалето ќе се играат во „Синан Ердем Дом“ во Истанбул

„Црвената фурија“ имаше апсолутна доминација во мечот што го доби со 4:0. За нашата селекција ова е четврти пораз во квалификациите за СП 2018, прв без постигнат гол. Во март ќе следува гостување во Лихтенштајн

Фудбалската репрезентација вечерва (20.45 ч.) ѝ гостува на „црвената фурија“ во Гранада во четвртиот меч во квалификациите за СП 2018. Во истиот термин во групата Г уште ќе играат Албанија – Израел и Лихтенштајн – Италија