Browsing: штрајк

Машинскиот персонал бара зголемување од 30 до 40 проценти на надоместот на плата, што според нив, им следува согласно Колективниот договор за дополнителна работа и работење со намален број на извршен персонал. За раководството на претпријатието, штрајкот е незаконски

„Нашиот синдикат утре ќе штрајкува, а настава ќе има од вторник. Нашите членови и сите други кои не се наши членови, а сакаат да се приклучат кон штрајкот, ќе бидат во штрајк. Тоа значи дека ќе одат на работа, ќе бидат во просторија одредена за штрајк, но нема да ги извршуваат воспитно-образовните обврски и нема да ги прифаќаат учениците дојдени на училиште“, рече јаким Неделков, претседател на СОНК

Министерот за образование и наука ги повика директорите и наставниците во основните и средните училишта да се подготват за утрешниот прв училишен ден, затоа што, како што рече, едукацијата на учениците не треба да има застој, а особено не треба да се дозволи разочарување на првачињата кои првпат ќе седнат во училишните клупи

Прекинот на шампионатот е последица на напад врз арбитар, па неговите колеги, во знак на солидарност, се решија за бојкот се додека не биде задоволено нивното барање за соодветна заштита на стадионите