Browsing: Словенија

Вечерашниот меч на фудбалските репрезентации на двете земји во квалификациите за ЕП 2020 е закажан во 20.45 часот на стадионот „Стожице“ во Љубљана. Воедно е прв за бодови по досегашните четири од пријателски карактер во кои „црвено-црните“ се радуваа трипати, а „змајчеки“ го добија последниот судир во Копер под водство на Среќко Катанец

„Црвено-жолтите“ за првпат почнуваат со победа на еден континентален турнир, во случајот во Хрватска. Во премиерниот настап се совладани „змајчеки“ на Веселин Вујовиќ со 25:24. Ако треба да се издвои некој, тоа сигурно се голманот Никола Митревски со неговите интервенции во првото полувреме и Дејан Манасков со осум гола и Кире Лазаров со седум. Утре е слободен ден, во понеделник (20,30 ч.) Македонија во дуел со Црна Гора