Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: СП 2018
Победничкиот гол против Нигерија за мундијалски опстанок на двократниот светски шампион беше дело на Маркус Рохо во 86. минута, откако Меси обезбеди водство за јужноамериканската селекција во 14 минута што го поништи Мозес од пенал во 51. минута. Со 2:1 и Хрватска го совлада Исланд. „Коцкестите“ во топ 16 фазата ќе играат против Данска, нареден ривал, пак, за Аргентинеците е Франција
Двата меча од последното коло во групата Б завршија без победник. Иран ремизира со Португалија (1:1), Мароко со Шпанија (2:2) што беше доволно за прогрес на пиринејските селекции во топ 16 фазата. Уругвај во групата А ја совлада Русија со 3:0 додека Саудиска Арабија триумфира над Египет со 2:1 во меч без резултатско значење за обете репрезентации
Јужноамериканскиот претставник го декласира европскиот со 3:0 во групата Х и остана во игра за осминафинале на Светското фудбалско првенство. Мина ја отвори серијата голови на „Казањ арена“ во 40. минута, Квадрадо ја затвори во 75. минута, во меѓувреме погоди и Фалкао во 70. минута
Со головите на Гранит Џака во 52. минута и на Џердан Шаќири во 90. минута, швајцарската фудбалска репрезентација ја совлада српската со 2:1 за прва победа на мундијалот во Русија. Последното трето коло во групата Е ги носи дуелите Бразил – Србија, односно, Швајцарија – Костарика од кои ќе зависи конечниот расплет на табелата
Португалците го совладаа Мароко со погодок на Кристијано Роналдо во четвртата минута, Уругвај до три бода против Саудиска Арабија со гол на Луис Суарез во 23. минута, Шпанците, пак, славеа над Иран со карамбол реализација што му е припишана на Диего Коста во 54. минута
По убедливиот триумф над Саудиска Арабија на стартот со 5:0, „зборнаја“ вечерва го совлада и Египет со 3:1 и осигура место во топ 16 фаза, само прашање е од која позиција во групата А
Културата си е култура, свест си е свест. Кај Јапонците важи во сите сфери, а дека е така стигна потврда…
„Лавовите од Теранга“, како што популарно ги нарекуваат, на „Откритие арена“ во Москва ја совладаа Полска со 2:1 и ги оживеаја спомените од пред 16 години кога со три бода го започнаа настапот на мундијалот во Јужна Кореја и во Јапонија по триумфот над Франција со 1:0
Благодарение на присебната реакција на пилотот, саудијските играчи, сепак, беа безбедно приземјени на аеродромот во градот на Дон каде во среда од 17 часот ќе играат против Уругвај во рамки на второто коло во групата А
„Гордиот албион“ славеше со 2:1 на „Волгроград арена“ со два гола на напаѓачот на Тотенхем од кои победничкиот во првата минута од судиското продолжение. Во првиот меч од првото коло во групата Г, Белгија ја совлада Панама со 3:0. Двоен стрелец за „црвените ѓаволи“ беше Ромелу Лукаку, еден постигна Дрис Мертенс
Единствениот момент за одбележување на средбата во Нижни Новгород се случи во 65 минута. Искусниот дефанзивец Андреас Гранквист го претвори во гол пенал во 65 минута што беше досуден по асистенција на ВАР технологијат
Хуберт Вирт, страствен навивач на „панцирите“, на несекојдневен начин отпатува на Светското првенство во Русија. Делницата долга 2.400 километри ја возеше 30 дена со просечна брзина од 20 километри на час