Аргентина ја преживеа групата Д и се пласира во нокаут фазата на Светското фудбалско првенство во Русија. „Гаучосите“ ја совладаа Нигерија со 2:1 и завршија на второто место на табелата што ќе значи судир со Франција во осминафиналето. Победничкиот гол против африканската селекција за мундијалски опстанок на двократниот светски шампион беше дело на Маркус Рохо во 86. минута. До тој момент во листата на стрелци се впишаа Лионел Меси во 14. минута за водство на Аргентинците, израмнувачкиот погодок за Нигеријците го постигна Виктор Мозес од пенал во 51. минута.

https://www.youtube.com/watch?v=3r7S2s23dVQ

Во вториот дуел во Д конкуренцијата, Хрватска славеше над Исланд со 2:1 и со максимален ефект се сели во топ 16 фазата. Милан Бадељ во 53. минута и Иван Перишиќ во 90. минута „стрелаа“ за „коцкестите“, Гилфи Сигурдсон од пенал во 76. минута реализира за Исланѓаните.

https://www.youtube.com/watch?v=mMi3rkkuOp0

Во попладневниот термин во групата Ц, Франција и Данска одиграа без голови додека Перу ја совлада Австралија со 2:0 со головите на Андре Карилјо во 18. минута и на Паоло Гереро во 50. минута.

https://www.youtube.com/watch?v=m6drxZAWdpQ

Нигерија – Аргентина 1:2 (0:1)

Стадион: „Крестовски“ во Санкт Петербург. Гледачи: Гл. судија: Чинејт Чакир. Асистенти: Бахатин Дуран и Тарик Онгун (сите тројца од Турција). Ж. картони: Балогун, Оби Микел (Нигерија); Маскерано, Банега (Аргентина). Стрелци: Мозес 51’ (п) за Нигерија; Меси 14’, Рохо 86’ за Аргентина.

Нигерија (формација 3-5-2): Узохо – Омеруо (Ивоби 90’), Еконг, Балогун – Идову, Ндиди, Микел, Етебо, Мозес – Ихеначо (Игало 46’), Муса (Сими 90’+2’). Селектор: Гернот Рор.

Аргентина (формација: 4-4-2): Армани – Таљафико (Агеро 80’), Рохо, Отаменди, Меркадо – Маскерано, Банега, Ди Марија (Меза 72’), Перез (Павон 61’) – Меси, Игуаин. Селектор: Хорхе Сампаоли.

СП во фудбал

Група Ц

Резултати, 3 коло

Данска – Франција 0:0

Австралија – Перу 0:2

Табела: Франција 7, Данска 5, Перу 3, Австралија 1.

Група Д

Резултати, 3 коло

Нигерија – Аргентина 1:2

Исланд – Хрватска 1:2

Табела: Хрватска 9, Аргентина 4, Нигерија 3, Исланд 1.